Легендата за Херкул (филм од 2014)

Легендата за Херкул (англиски: The Legend of Hercules) — американски филм од 2014 година, во режија на Рени Харлин. Во главните улоги настапуваат: Келан Луц, Гаја Вејс, Скот Адкинс, Роксен Меки, Лијам Гариган, Лијам Мекинтаер, Раде Шербеџија итн.

Содржина уреди

Еднаш, Зевс води љубов со кралицата Алкмена (ја игра Меки) од која се раѓа Херкул (го игра Луц), кој воопшто не знае за своето потекло. Тој е вљубен во принцезата Хеба (ја игра Вејс) од Крит, која пак треба да се омажи за неговиот полубрат Ификле (го игра Гариган). Таткото на Херкул, тиранот Амфитрион намерно ги праќа заповедникот на војската Сотир (го игра Мекинатаер) и Херкул во Египет, каде тие запаѓаат во стапица. Така, Херкул и Сотир се заробени, а потоа продадени како робови. Двајцата учествуваат во гладијаторските борби и по една таква победа пристигнуваат во родната земја. Таму, Херкул сам ги победува шесте непоразени грчки борци. Кога дознава дека тиранот Амфитрион ја убил неговата мајка, Херкул го поведува населението во борба против Амфитрион. Сепак, по почетните успеси, Херкул е заробен. Во мигот кога треба да биде погубен, тој добива натприродна сила и повторно ја псобира својата војска во борба против Амфитрион. На крајот, тој го убива тиранот, додека Хеба го убива Ификле. Филмот завршува така што Херкул и Хеба добиваат бебе.[1]

Наводи уреди