Левица (политичка партија)

политичка партија во Македонија

Левицамакедонска политичка партија со левичарска ориентација. Основните заложби ѝ се борбата за работнички права и социјална правда, за демократизација на сите сфери на живеењето.

Левица
ВодачПленумот на партијата
Претседател: Димитар Апасиев
Основана14 ноември 2015
ШтабСкопје
ИдеологијаДемократски социјализам
Левичарски Национализам
Анти-НАТО
Полит. положбаЛево крило
Боицрвена, бела
Собрание
2 / 120
Општини во Македонија
0 / 80
Мрежно место
levica.mk
Знаме
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Иницијативата за формирање на Левица потекнала од членови на Движењето за социјална правда „Ленка“, членови на левичарското движење „Солидарност“, членови на Комунистичката партија на Македонија, синдикалци, активисти и поединци левичари. Левица има колективно претседателство, Президиум, составен од седум членови со императивен мандат.[1] Регистрирана е на 25 февруари 2016 година, а иницијативата за формирање на партијата била објавена на 14 ноември 2015 година.[2]

На парламентарните избори во 2016 година партијата настапила самостојно освојуваќи околу 12.000 гласови односно 1% од вкупните гласови. Левица на локалните избори во 2017 година, освоиле 3 советнички места.

Левица ја поддржала Шарената револуција, започната по аболиција од претседателот Ѓорге Иванов, и зела активно учество во истите. На двајца членови на Левица, еден од нив дел од Президиумот, им била одредена мерка куќен притвор заради учество на протестите.[3]

На парламентарните избори во 2020 година Левица настапила самостојно освојувајќи 37.426 гласови односно 4,10% од вкупните гласови или 2 пратеници, проф. д-р Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

На локалните избори во 2021 година Левица настапила самостојно освојувајќи 50.181 гласови односно 49 членови во општинските совети во Република Македонија.

За претседателските избори во 2024 година Левица најави дека ќе собира 10.000 потписи за поддршка на кандидатурата на проф. д-р Билјана Ванковска за Претседател на Република Македонија.

Изборни резултати уреди

Парламентарни избори
Година Број на гласови % на гласови Број на мандати +/–
2016 12.120 1,05%
0 / 120
Нова партија
2020 37.426 4,10%
2 / 120
+2

Наводи уреди

  1. „Президиум на Левица“. Архивирано од изворникот на 2016-07-03. Посетено на 2016-05-29.
  2. Покана за прес – Формирање на „ЛЕВИЦА“
  3. „„Кривичен суд: Куќен притвор од осум дена за Савески и Куновски", Нова ТВ, 25 април 2016“. Архивирано од изворникот на 2016-04-30. Посетено на 2016-05-29.

Надворешни врски уреди