Лативот е граматички падеж кој означува движење до некоја локација. Наставките кои се додаваат за лативот и самата функција на лативот во македонскиот јазик се заменети со предлозите „на“ и „во“. Овој падеж е дел од групата на падежи што означуваат местоположба.

Лативот е типичен за уралските јазици и бил дел од протоуралскиот јазик. Денес, овој падеж може да се сретне во финскиот, мокшанскиот, ерзјанскиот и марискиот јазик. Покрај уралските јазици, со лативот се служат и некои североисточни кавкаски јазици, како на пример цескиот, бештанскиот и хваршискиот јазик.

Фински јазик уреди

Во финскиот јазик, лативот е со ограничена употреба. Сепак, сè уште може да се сретне кај некои прилози како на пример alas („долу“), kauemmas („подалеку“(, pois („оддалечување“), и rannemmas („кон и близу брегот“). Во финскиот јазик лативот вообичаено се образува со додавање на наставка - s.

Цески јазик уреди

Во североисточните кавкаски јазици, како што е цескиот, лативот ја презел функцијата на дативот кога се означува корисникот или примачот на дејството. За двата падежа, датив и латив, во овие јазици има исти наставки, но и при тоа некои јазичари сметаат дека овие два падежа се различни. Од другата страна пак, постојат јазичари кои сметаат дека двата падежа се различни водени од самото значење на искажаното дејство.

Поврзано уреди

Предлошка:Јазичарика-никулец