Лариса Семјоновна Латинина (руски:Лари́са Семёновна Латы́нина) (27 декември 1934 во Херсон) е поранешна советска гимнастичарка која во својата кариера освоила 18 медали на Олимписките игри (9 златни, 5 сребрени и 4 бронзени). Лариса исто така се закитила и со наградите Заслужен мајстор во спорт на СССР во 1956 и Заслужен тренер во спорт на СССР во 1972 година.

Лариса Латинина во 2000

Олимписки игри уреди

Сите рекордни 18 медали Лариса ги освоила на само 3 Олимпијади: 1956, 1960 и 1964.

Летни олимписки игри - 1956 во Мелбурн уреди

На Летните олимписки игри - 1956 одржани во Мелбурн, Лариса имала конкуренција во унгарската гимнастичарка Агнеш Келети. Но, Лариса ја победила својата 13 години постара противничка и го освоила златниот медал во комбинација поединечно, а потоа со тимот на Советскиот Сојуз и комбинација тимски. На овие игри Лариса освоила уште 2 злата во прескок и на партер, а освоила и сребро во двовисински разбој и бронза во тимска конкуренција на преносни помагала. Со 6 медали (4 златни, 1 сребрен и 1 бронзен) Лариса Латинина била најуспешна спортистка на игрите во Мелбурн.

Летни олимписки игри - 1960 во Рим уреди

Во Рим, продолжила доминацијата на Лариса. На овие Олимписки игри, Лриса ги одбранила Олимписките титули во поединечна и тимска комбинација, а освоила и злато на партер. Лариса се закитила и со 2 сребра во двовисински разбој и греда и со една бронза во прескок. Лариса на игрите освоила 6 медали (3 златни, 2 сребрени и 1 бронзен).

Летни олимписки игри - 1964 во Токио уреди

Успесите на Лариса продолжиле и во Токио. На Летните олимписки игри - 1964, нејзини последни, Лариса како и на претходните 2 Олимпијади освоила 6 медали, но овој пат со само 2 златни одличја. Таа третпат по ред победила во комбинација во тимска конкуренција и на партер, сребро освоила во комбинација поединечни и прескок, а бронза во двовисински разбој и на греда.

По славната кариера уреди

Лариса се пензионирала по светското првенство во гимнастика во 1966 година по што станала тренер.

Денес Лариса живее во Јапонија.