Ланд (департман)

департман во Франција

Ланд (француски: Landes; окситански: Lanas) – департман во југозападна Франција.

Ланд
Landes

Lanas
Департман
Зградата на префектурата во департманот Ланд, во Мон-де-Марсан
Зградата на префектурата во департманот Ланд, во Мон-де-Марсан
Знаме на Ланд LandesГрб на Ланд Landes
Местоположба на Ланд во Франција
Местоположба на Ланд во Франција
ДржаваФранција
РегионНова Аквитанија
ПрефектураМон-де-Марсан
ПотпрефектуриДакс
Управа
 • Претседател на советот на департманотАнри Емануели
Површина1
 • Вкупна9.243 км2 (3,569 ми2)
Население (2013)
 • Вкупно397.226
 • Ранг60-ти
 • Густина43/км2 (110/ми2)
Часовен појасЦЕВ (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)ЦЕЛВ (UTC+2)
Број на департманот40
Арондисмани2
Кантони15
Општини330
^1 Француски катастар на земјиште кој не ги вклучува естуарите, езерата, вештачките езера и ледниците поголеми од 1 км2.

Историја уреди

Ланд е еден од првичните 83 департмани кои биле формирани за време на Француската револуција на 4 март 1790 година. Бил формиран од делови на покраините Гијена и Гаскоња.

За времена првата половина од XIX век големи делови од департманот биле покриени со слаба растителност (lande на француски) од каде потекнува неговото име. Растителноста покривала богата почва и периодично била горена, и на тој начин се добивале одлични пасишта за овците, за кои се смета дека околу 1850 година броеле помеѓу 900.000 и 1.000.000 во оваа област. Овците ги чувале овчари кои се движеле на штули и можеле да покриваат долги растојанија. Бројот на овци драстично се намалил во втората половина на XIX век, кога систематскиот развој на големи борови плантажи го трансформирал пејзажот и локалната економија.

Еден од најпознатите жители на Ланд бил францускиот економист од XIX век Фредерик Бастија.

Добитникот на Нобеловата награда, романописецот Франсоа Моријак своите новели ги сместува во Ланд.

Географија уреди

Ланд е дел од сегашниот регион Нова Аквитанија и е опкружен со департманите Жиронда, Лот и Гарона, Жер и Атлантски Пиринеи, како и со Атлантскиот Океан на запад. Со површина од преку 9000 км2, Ланд, после Жиронда, е вториот најголем департман на територијата на метрополитенска Франција.

Познат е по плажата Сребрен Брег која е најдолгата плажа во Европа и привлекува многу сурфери секоја година.

Во Ланд се наоѓа и замокот Шато де Гожак кој бил изграден во 1686 година.

Стопанство уреди

Од земјоделски аспект, Ланд е познат по своите пространи борови шуми кои се суровински материјал за дрвната и индустријата на смоли во областа. Шумите биле засадени во почетокот на XIX век за да се спречи ерозијата на песокливата почва од морето.

Туризам уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди