Ланд Хаделн (општинска заедница)

Ланд Хаделн (германски: Land Hadeln) — општинска заедница во округот Куксхафен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Наречена е по историскиот Хаделнски крај. Нејзино седиште е градот Отерндорф.

Била создадена на 1 јануари 2011 година со спојување на поранешните општински заедници Хаделн и Зитланд. На 1 ноември 2016 година, општинската заедница Ам Доброк била припоена кон Ланд Хаделн.

Општинската заедница Ланд Хаделн се состои од следниве општини:

  1. Белум
  2. Билкау
  3. Каденберге
  4. Илиенворт
  5. Нојенкирхен
  6. Нојхаус
  7. Нордледа
  8. Оберндорф
  9. Одисхајм
  10. Остербрух
  11. Отерндорф
  12. Штајнау
  13. Вана
  14. Вингст

53°48′N 8°54′E / 53.800° СГШ; 8.900° ИГД / 53.800; 8.900