Лаки

село во Општина Виница

Лакисело во Општина Виница, во околината на градот Виница.

Лаки
Лаки во рамките на Македонија
Лаки
Местоположба на Лаки во Македонија
Лаки на карта

Карта

Координати 41°47′48″N 22°40′09″E / 41.79667° СГШ; 22.66917° ИГД / 41.79667; 22.66917
Општина Виница
Население 162 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 05010
Лаки на општинската карта

Атарот на Лаки во рамките на општината
Лаки на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на патот Виница - Берово (Р1304).

Историја уреди

Во XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948882—    
1953957+8.5%
1961797−16.7%
1971712−10.7%
1981559−21.5%
ГодинаНас.±%
1991422−24.5%
1994397−5.9%
2002314−20.9%
2021162−48.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лаки живееле 600 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лаки имало 640 Македонци, егзасрхисти.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[4]

Во 2002 година во селото живееле 314 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 162 жители, од кои 136 Македонци, 2 останати и 24 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 600 640 882 957 797 712 559 422 397 314 162
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови уреди

Лаки е македонско село.

Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:

  • Котроманци (18 к.) доселени се однекаде пред повеќе од 200 години. Нивното потекло е влашко.
  • Улезовци (5 к.), Ковачевци (4 к.) и Маџирци (2 к.) првиот род е доселен од селото Ратево кај Берово. Другите два се со непознато потекло.
  • Везировци (6 к.) и Домазетовци (1 к.) доселени се од селото Будинарци кај Берово.
  • Сапунџии (5 к.) доселени се од селото Митрашинци кај Берово.
  • Паничарци (2 к.) доселени се од некое село Паничари кај Берово (?).
  • Бигланци (3 к.) доселени се од селото Бигла кај Делчево.
  • Чорбаџици (9 к.) доселени се однекаде.
  • Карадаци (4 к.) доселени се од селото Ветрен кај Ќустендил во Бугарија.
  • Анѓелковци (6 к.) доселени се однекаде.
  • Спасинци (6 к.) исто така не знаат од каде се доселени.
  • Ѓор Стојанци (4 к.), Анџии (1 к.), Дедо Оканци (1 к.), Заовци (5 к.), Марковци (4 к.), Петковци (3 к.), Зуламци (2 к.), Мечкарци (2 к.), Славујци (1 к.) и Замбулии (1 к.) доселени се однекаде.[11]

Општествени установи уреди

Цркви[12]

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 324 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 266 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[17]

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

После Втората светска војна преку 20 семејства од Лаки се иселиле во Блатец и Виница. Во Пекљани се иселиле неколку родови, како. Рашниковци, Трајановци, Јовановци, Ангелови, Симеонови и Момчилови. Околу 30 семејства се иселиле во селата Сушево и Злеово во струмичко-радовишкиот крај.[11]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 226
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.132-133.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  13. С. Лаки– Црквата посветена на св. Јован Богослов. Архивирано од изворникот на 2014-04-13. Посетено на 2014-04-26.
  14. Албум со слики
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 98-99. ISBN 9989-649-28-6.
  18. „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.9

Надворешни врски уреди