Лазар Калајџиски

политичар

Лазар Калајџиски – Добри (Неготино, 25 март 1913 - Скопје, 6 декември 1987) — македонски комунист, воен командант на НОАВМ и полковник на ЈНА.

Како активист на работничкото движење (1935 година), бил примен за член на КПЈ во ноември 1939 година и бил секретар на Партиското поверенство на КП во Неготино (август 1940 година).

Во НОАВМ бил секретар на Месниот комитет на КПЈ во Неготино и раководител на Месниот воен штаб, заменик командант на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ (од април 1943), потоа и командант (од август 1943), заменик командант на Тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов“, заменик командант, а потоа и командант на Втората македонска бригада (9 декември 1943), заменик командант на Четириесет и првата (македонска) дивизија на НОВЈ и заменик командант на Петнаесеттиот (македонски) корпус. Бил избран за делегат на Второто и Третото заседание на АВНОЈ и учесник на Првото заседание на АСНОМ.

По Ослободувањето завршил Воена академија, бил командант на Воената област во Битола, началник за народна одбрана при Владата на НРМ. Носител е на Партизанска споменица 1941.[1]

Наводи уреди

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том I, стр. 660.