Лав (хороскопски знак)

Хороскопскиот знак Лав (латински: Leo, грчки: Λέων) го носат оние коишто се родени помеѓу 23 јули и 22 август. Со овој знак владее Сонцето. Симболот Знакот на лавот ја претставува гривата на лавот.

Лав
Астрологија
Почетоци
Историја на астрологијата
Историја на астрономијата
Астрологија и астрономија
Традиции
Вавилонска астрологија
Арапска и персиска астрологија
Кинеска астрологија
Египетска астрологија
Хеленско-римска астрологија
Индиска астрологија
Исламска астрологија
Сидерална астрологија
Западна астрологија
Видови
Хороскоп
Натална астрологија
Годишен хороскоп
Хорарна астрологија
Мундана астрологија
Категории
Астролози
Портал:Астрологија


На пат околу зодијакот уреди

Петтиот степен ја претставува радоста на живеењето. Комбинацијата на позитивен фиксен оган, покажува дека креативната сила зрачи од владетелот Сонце, и затоа Лавот е знак на верба.

Мотивација уреди

Лавот нема потреба да се бори за позиција, туку тој несвесно ја презема улогата на водач, бидејќи е „крал на животните“. Другите решаваат да го следат, бидејќи Лавот се држи до своите принципи, постојан е, искрен, но бавно се прилагодува кон промени. Не е пакосен, но не ја толерира туѓата ситничавост и нечесност.

Работа и интереси уреди

Лавовите имаат широка визија, го гледаат крајниот исход, и не ги загрижуваат тешкотиите на патот до успехот. Не можат да бидат успешни во работа во која се во подредена улога, туку само кога имаат одговорност и кога се признава нивната вредност. Не се добри за извршување на здодевни обврски, но затоа уживаат во ритуали, уживаат на сцена, па ги привлекува делумно уметничкиот свет или службите во влада. Повеќето од луѓето родени во овој знак имаат некое креативно хоби.

Во односи уреди

Лавовите имаат тенденција околу себе да привлекуваат додворувачи, а нивната прекумерна доверба создава ситуации во кои Лавовите се повредени или предадени. Всушност, лесно е да се повреди гордоста на Лавот, дури и со ситница, затоа што тешко си признава самиот на себе неуспех. Во љубовта се верни и дарежливи, а љубоморни се само доколку се почувствуваат загрозени од соперник.

Домашен живот уреди

Кога ќе стигнете во домот на Лавот, ќе бидете срдечно пречекани, а вашите домаќини ќе се обидуваат да ви угодат и да ве забавуваат. Домот на Лавовите најчесто е украсен со уметнички слики или луксузен мебел. Машкото Лав ужива во улогата да е главен на масата, а жената Лав речиси никогаш нема да ве пречека во домашна облека. Домашните животни се чести во домот на Лавовите, па од вас ќе се очекува да им се восхитувате. На заминување ќе ве испратат со подарок. Лавовите се гордеат со своите деца и секогаш ги поддржуваат.

Зборови кои го опишуваат Лавот уреди

Важи и за двата пола: моќен, постојан, верен, чесен, радосен, сакан, со лавовско срце, великодушен, оптимист, горд, блескав, искрен. Понекогаш може да е: автократски, заповеднички настроен, вообразен, лесноверен, фалбаџија, склон кон драматизирање.

Користена литература уреди

  • Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
  • Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
  • Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.