Куќа на Петанови

куќа во Охрид

Куќа на Петанови — стара куќа во градот Охрид прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Куќа на Петанови
Поглед на куќата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилнеокласичен
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршена1929
Технички податоци
Катови2

Историја уреди

Куќата се наоѓа во населбата Центар, на ул. „Димитар Влахов“ бр. 35. Изградена е во 1929 година од непознати мајстори.[1]

Архитектура уреди

Градбата е прва во низата од три исти куќи со неоренесанса и необарокна архитектура. Се состои од подрум, приземје и кат. Изградена е масивно, при што темелите и сутеренот се камени, а приземјето и катот се од полни тули. Меѓукатната и покривната конструкциja се дрвени. Куќата има хоризонтална симетрија, хармонично распоредени прозорски отвори и други украси во стил класичниот академизам. Прозорците се со профилирани рамки, имаат вертикални пиластри и хоризонтални профилирани венци.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Куќа на ул. Димитар Влахов бр.35“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 22 октомври 2017.