Куќа на Паунковци

куќа во Охрид

Куќа на Паунковци — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1]

Куќа на Паунковци
Поглед на куќата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилкласицизам
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршена1930
Технички податоци
Катови2
Проектирање и изградба
АрхитектЃорѓи Ѓурчинов

Архитектура уреди

Куќата е сместена на ул. „7-ми Ноември“ бр. 29 и 31. Изградена е во 1930 година по проект на инженерот Ѓорѓи Ѓурчинов. Ова е братска куќа со сутерен, приземје и мансарда над влезниот трем. Има нагласено богато обработена југоисточна фасада и претставува мешавина од архитектонски стилови. Има барокни елементи — полуоблиот тимпанон со гипсена розета над два сводести отвора кои образуваат лоѓија со балустрадна ограда, со поткровје — надоѕидок со мали украсни вути. Прозорците се големи и правоаголни со пиластри и други украсни елементи. Сутеренот е направен од делкан камен.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Куќа на ул.7-ми Ноември бр. 29 и 31“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 4 септември 2017.