Куќа на Љушеви

куќа во Охрид

Куќа на Љушеви — стара куќа во градот Охрид прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Куќа на Љушеви
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилнеокласичен
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршена1936
Технички податоци
Катови3

Историја уреди

Куќата се наоѓа на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 50 (или. 48).[2] Изградена е во 1936 година од непознати мајстори.[1]

Архитектура уреди

Градбата се состои од приземје и два ката. Приземјето отсекогаш било предвидено за трговски цели, катовите за живеење. Изобилува со елементи на неокласичната архитектураеркерни балкони, украсни шамброни околу прозорците и пиластри на аглите. Фасадата е поделена и на хоризонтални полиња. Извесена е масивно, а меѓукатната и покривната конструкција се дрвени. Покривот е на две води со традиционални ќерамиди. Отворот на приземјето е голем и павоаголен, а на катовите отворите се помали, исто така правоаголни. Балконите имаат огради од ковано железо.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Куќа на ул. Св. Климент Охридски бр. 48“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 20 октомври 2017.
  2. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 69.