Кушкулија

село во Општина Василево

Кушкулија — село во Општина Василево, Струмичко. Денес нема жители.[2]

Кушкулија
Кушкулија во рамките на Македонија
Кушкулија
Местоположба на Кушкулија во Македонија
Кушкулија на карта

Карта

Координати 41°36′28″N 22°37′56″E / 41.60778° СГШ; 22.63222° ИГД / 41.60778; 22.63222Координати: 41°36′28″N 22°37′56″E / 41.60778° СГШ; 22.63222° ИГД / 41.60778; 22.63222
Регион  Југоисточен
Општина  Василево
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 073
Шифра на КО 27038
Надм. вис. 885 м
Кушкулија на општинската карта

Атарот на Кушкулија во рамките на општината
Кушкулија на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на крајниот северен дел од Струмичкото Поле и северно од Василево.[3] Лежи помеѓу Нивичино на југоисток и Подареш на запад.

Историја уреди

Подрачјето околу Кушкулија е населено барем уште од средниот век, за што сведочи некрополата на наоѓалиштето Готен околу 5 км североисточно од селото.[4]

Во XIX и XX век Кушкулија било чисто турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Кушкули имало 75 жители Турци.[5]

Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Кушкуља живееле 99 Турци.[6]

На 5 јуни 1944 г., за време на Мајската (Пролетна) офанзива во судир со бугарската војска во Кушкулија загинал македонскиот комунист и композитор Панче Пешев.

Демографија уреди

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци.[7]

Во периодот од почетокот до средината на XX век селото доживеало голем пораст. Ова траело сè до 1950-тите кога речиси целото население се иселило во Турција. Во 1961 г. во него останале само 4 лица, а во текот на следните години Кушкулија е наполно напуштена. Според пописот од 2002 година, Кушкулија немала ниеден жител.[2] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 75 226 251 4 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта
  • Готен — некропола од средниот век

Личности уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 171. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 409. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
  6. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски уреди