Кучково

село во Општина Ѓорче Петров

Кучково — село во Општина Ѓорче Петров, во околината на градот Скопје.

Кучково

Панорамски поглед на селото Кучково

Кучково во рамките на Македонија
Кучково
Местоположба на Кучково во Македонија
Кучково на карта

Карта

Координати 42°3′24″N 21°18′18″E / 42.05667° СГШ; 21.30500° ИГД / 42.05667; 21.30500Координати: 42°3′24″N 21°18′18″E / 42.05667° СГШ; 21.30500° ИГД / 42.05667; 21.30500
Регион  Скопски
Општина  Ѓорче Петров
Област Скопско Поле
Население 148 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1060
Повик. бр. 02
Шифра на КО 25079
Надм. вис. 560 м
Кучково на општинската карта

Атарот на Кучково во рамките на општината
Кучково на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во северниот дел од Скопската Котлина, на потегот помеѓу реките Вардар и Лепенец, а во приградската зона на Општина Ѓорче Петров.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 560 метри.[2] Селото се наоѓа на 15 километри северозападно од центарот на градот Скопје.

Атарот е среден по големина и зафаќа површина од 23,6 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.276 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 686 хектари, а на шумите 336 хектари.[2]

Историја уреди

Според монографијата на Марко Китевски, селото Кучково првпат се споменува во Грамота на царот Михаил IX Палеолог за манастиротСв. Никита“ од 1399 година, во која пишува дека кралот Урош му ги потврдил на манастирот имотите, меѓу кои и селото Долно Кучково. За селото пишувал и Јордан Хаџи Константинов - Џинот во еден допис објавен во „Цариградски весник“ во 1855 година, наведувајќи дека по доаѓањето на Османлиите северниот дел на Скопје останал „без Славјани и не е имало кој да ора и да сее земљата. Но некој разумниј Синан паша, кој добро сја е носил с христијаните, мука му е било Скопје да е без Славјани, от кои всичка земља сја е работила. Сам Синан паша, скопски, отишел в Црна Гора приморска, в село Куч, с голема молба и с обештанија мирни и царски фермани, штом да си бидат слободни и земља колку што искале бадијала им дал да дојдат в Скопје да живеат. И тако Кучевљани си дошли в Скопје и нарекле ја таја гора Црна Гора Скопска...“[3]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство.

Во Втората светска војна Македонците од селото Кучково го урнисале Српскиот Споменик кој што бил направен за кралот Александар.

Стопанство уреди

Селото има мешовита полјоделско-сточарска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.336—    
19531.394+4.3%
19611.220−12.5%
1971927−24.0%
1981608−34.4%
ГодинаНас.±%
1991302−50.3%
1994249−17.5%
2002138−44.6%
2021148+7.2%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 37 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 120 мажи христијани, со 6 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 252 жители.[4]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 475 жители.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Кучково имало 467 жители, од кои 460 Македонци христијани и 7 Роми.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кучково имало 720 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 1.000 Македонци.[8]

Кучково било големо село, но со значителна емиграција на населението преминало во мало село. Така, селото во 1961 година имало 1.220 жители, од кои 1.211 биле Македонци, шест Срби и двајца жители Албанци, а во 1994 година 249 жители, од кои 235 Македонци, 10 Роми и четири жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Кучково имало 138 жители, од кои 122 Македонци, 15 Роми и 1 Србин.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 148 жители, од кои 107 Македонци, 1 Влав, 5 Срби, 6 останати и 29 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 467 720 1.336 1.394 1.220 927 608 302 249 138 148
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови уреди

Кучково e македонско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во Кучково се:

  • Староседелци: Јањовци (4 к.); Богдановци (9 к.), Имаат иселеници во Волково; Вељановци (5 к.). Имаат иселеници во Велика Кикинда (едно семејство); Бучковци (15 к.). Имаат иселеници во Скопје (едно семејство), Белград (едно семејство) и во Америка (едно семејство); Јаребичевци (6 к.). Имаат иселеници во Матка, Населбата Ѓорче Петров (едно семејство) и во Банат (едно семејство);Танасковци (4 к.); Марковци ( 4 к.);Переловци (11 к.).Имаат иселеници во населбата Ѓорче Петров (пет семејства); Џиковци или Крајнини (6 к.). Имаат иселеници во Банат (едно семејство); Буниовци (3 к.) имаат иселеници во Америка (две семејства).
  • Доселеници: Мазниковци (7 к.) доселени се од некое село во Тиквеш, они спаѓаат во многу стари доселеници. Имаат иселеници во Банат (едно семејство); Цеулевци (10 к.) доселени се од селото Паливоденица кај Качаник; Ѓорчевци (22 к.) доселени се од областа Сириниќ кај Призрен; Сурковци (19 к.) доселени се од соседното денес албанско село Грачани; Костурци или Видевци (6 к.) доселени се од околината на Костур (Егејска Македонија) пред околу 170 години; Мутавџини (5 к.) доселени се во средината на XIX век од соседното село Долно Свиларе. Имаат иселеници во населбата Ѓорче Петров (едно семејство); Добровци (7 к.), Мишковци (4 к.), Руменини (4 к.), Китановци (2 к.) и Спасевци (5 к.) потекнуваат од четири (4) браќа кои се доселиле од денес албанското село Горанце кај Качаник, во првиот род се знае следното родословие: Филип (жив на 32 г. во 1948 година) Петко-Јане-Димо-Добро, еден од браќата кои се доселиле. Имаат иселеници во Куманово (едно семејство), Солун (едно семејство), Персија (едно семејство), Скопје (три семејства, во Ѓорче Петров и др.) и во Белград (едно семејство); Чинговци (2 к.) доселени се од соседното село Горно Свиларе, таму имале истоимени роднини; Шкаутовци (1 к.) доселени се од селото Брњарци; Најдановци (8 к.) доселени се од Скопје, маалото топана. Имаат иселеници во Скопје (две семејства, во Ѓорче Петров).[15]

Општествени установи уреди

  • Поранешно основно училиште
  • Месна заедница

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Ѓорче Петров, една од десетте градски општини на Град Скопје, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Идадија. Селото припаѓало на некогашната општина Ѓорче Петров во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Волково, во која покрај селото Кучково, се наоѓале и селата Волково, Грачани, Никиштани и Орман. Општината Волково постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 2586 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Грачани и Кучково, кое е сместено во културниот дом во селото Кучково.[16]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 183 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Манастирот „Св. Ѓорѓи“
 
Поглед на Девојачки Камењ во селото
Цркви[18]
Манастири

Археолошки наоѓалишта уреди

  • Голема Кула — доцноантички стражарски кастел. Се наоѓа на 1 км. северно од с. Горно Свиларе и ја контролирал алтернативната патна линија од Качаник до Свиларе на Вардар.
Природни реткости

Иселеништво уреди

Покрај иселениците наведени при описот на родовите, се знае и за други иселеници во Волково (Видевци, Ќисовци, Богдановци и Трајковци), Горно Соње (Павлевци) и во Горно Свиларе (Ѓоревци и Чинговци).[15] Иселеници има и во Полог.

Редовни настани уреди

  • Ден на крстот — голем општонароден собир на Крстот над селото кон крајот на април или почетокот на мај
  • Свети Трифун (14 февруари) — прослава во истоимената црква

Личности уреди

Личности родени во Кучково:

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 171. Посетено на 4 февруари 2018.
  3. „Војната донесе пруга, а железничарите населба“, Публика - неделен политички прилог, број 300, сабота, 24 септември 2016, стр. 2-3.
  4. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  5. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 206.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 16 мај 2016.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. 15,0 15,1 Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 4 февруари 2018.
  17. „Локални избори 2017“. Посетено на 4 февруари 2018.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Маркова, Зина. „Четата от 1868 година“, Издателство на БАН, София, 1990, стр. 162.

Надворешни врски уреди