Кучичино

село во Општина Чешиново-Облешево

Кучичино — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.

Кучичино
Кучичино во рамките на Македонија
Кучичино
Местоположба на Кучичино во Македонија
Кучичино на карта

Карта

Координати 41°50′42″N 22°19′2″E / 41.84500° СГШ; 22.31722° ИГД / 41.84500; 22.31722
Општина Грб на Општина Чешиново-Облешево Чешиново-Облешево
Население 319 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 13019
Надм. вис. 456 м
Кучичино на општинската карта

Атарот на Кучичино во рамките на општината
Кучичино на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото е сместено претежно во рамничарски предел, во Кочанската котлина. На исток од него се наоѓа планината Плачковица. Покрај него тече реката Брегалница. Селото се наоѓа на надморска височина од 456 метри.

Историја уреди

На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 350 жители, сите Македонци.[2] Според бугарскиот публицист Димитар Мишев, во 1905 година селото имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Стопанство уреди

Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948567—    
1953670+18.2%
1961759+13.3%
1971848+11.7%
1981801−5.5%
ГодинаНас.±%
1991628−21.6%
1994610−2.9%
2002546−10.5%
2021319−41.6%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[4]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 546 жители, од кои 544 Македонци и 2 други.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 319 жители, од кои 311 Македонци и 8 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 350 400 567 670 759 848 801 628 610 546 319
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови уреди

Кучичино е македонско село.

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

  • Барбутци (15 к.), Молчевци (7 к.), Дочови (7 к.), Мрзанци или Смиљанци (16 к.), Балтовци (10 к.), Перковци (7 к.), Уткарци (11 к.), Богданови (14 к.) и Карапаиџовци (6 к.) сите овие родови во селото се староседелски.
  • Бојаџиеви (12 к.) доселени се во турско време од селото Бурилчево.[11]

Администрација и полиција уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 881 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 360 гласачи.[13]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  3. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски уреди