Курски јазик (германски: Kurisch; латвиски: kuršu valoda; ливански: kuršių kalba) може да се однесува за повеќе различни варијанти на јазици но многу слични со себе. Така имаме старокурски и новокурски јазик.

Курски јазик
Изговоркуршу валода
Застапен воЛатвија, Литванија, Германија
ПодрачјеЕвропа
Говорницинепознато  
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3

Старокурски јазик уреди

Традиционално, поимот старокурски јазик се однесува за исчезнат јазик на курското племе што воглавном живеело на полуостровот Курланд а денес е во склоп на Латвија, но и по бреговите на Балтичкото Море[1]. Јазикот бил сличен со финскиот и естонскиот. Јазикот исчезнал до XVII век и се претопил како дијалект на латвиски јазик и на литвански јазик[2] познат како самогитски дијалект. Нема зачувани документи.

Новокурски јазик уреди

Таканаречениот новокурски јазик е зборуван од курсениеките. Во процесот на миграција на населението за време на XIV до XVII век Курите се населиле на територијата на источна Прусија и станале познати како курсениеки. Јазикот бил под влијание на германски јазик но исто така и од литвански јазик. Кон крајот на XVIII век новокурски дијалекти се оформиле и видно различни од околните јазици. За првпат се објавил зборовник на курски во 1927 година во кој: 60% од зборовите биле исто со латвиските, 26% позајмени зборови од германски јазик и 13% литвански зборови. Луѓето што говорат јужен дијалект на латвиски јазик можат лесно да се разберат со Курите.

Наводи уреди

  1. Haarmann, Harald (2002). „Kurisch“ [Curonian]. Во Miloš Okuka (уред.). Wieser-Enzyklopädie des Europäischen Ostens. 10. Klagenfurt/Vienna, Austria: Wieser. стр. 957. ISBN 3-85129-510-2. Архивирано од изворникот на 2013-10-19. Посетено на 2012-05-12.
  2. Östen Dahl (ed.) 2001, The Circum-Baltic Languages: Typology and Contact, vol. 1