Купулa (лат. cúpula – чашка) – чашковидна обвивка на плод кој го држи и штити во текот на растењето и созревањето. Карактеристична е за семејството буки (Fagaceae). Кај родот литокарпус (Lithocarpus) и дабовите (Quercus), таа само делумно го опфаќа плодот, додека кај питомиот костен (Castanea) и буките (Fagus), во целост затвора два или повеќе плода, а кога плодовите ќе созреат, пука на четири дела и го ослободува плодот. Купулата настанува од вегетативните делови на цветот (од цветната дршка).

Купули на семејството буки: А. црвен даб, B. македонски даб, C. бука, D. питом костен.

Купулата е покриена со бројни лушпи. Кај костенот, лушпите се преобразени во зашилени боцки, обезбедувајќи им заштита на плодовите од верверици и други животни кои се хранат со костени. Кај дабовите, лушпите се кратки и прилегнати на купулата како кај црвениот даб, или издолжени и оддалечени од купулата како кај церот или македонскиот даб.

Литература уреди

  • Tootill, E. (1984): The Penguin Dictionary of Botany. Market House Books Ltd.