Куново (Кратовско)

село во Општина Кратово

Куново — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Куново

Воздушен поглед на Куново

Куново во рамките на Македонија
Куново
Местоположба на Куново во Македонија
Куново на карта

Карта

Координати 42°04′10.92″N 22°14′56.04″E / 42.0697000° СГШ; 22.2489000° ИГД / 42.0697000; 22.2489000
Регион  Североисточен
Општина  Кратово
Област Осогово
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1360
Повик. бр. 031
Шифра на КО 14016
Надм. вис. 1.300 м
Куново на општинската карта

Атарот на Куново во рамките на општината
Куново на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Селото сместено високо во Осоговските Планини

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип. Од градот Кратово селото е оддалечено седум километри.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.300 метри.[2]

До селото се стигнува преку земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 29271.

Стопанство уреди

Атарот на селото не е голем и зафаќа простор од 5,1 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 315 хектари, на пасиштата отпаѓаат 134 хектари, а на обработливите површини само 44 хектари.[2]

Во основа, може да се каже дека селото нема некоја значајна земјоделска функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948142—    
1953185+30.3%
1961166−10.3%
197188−47.0%
198132−63.6%
ГодинаНас.±%
199112−62.5%
19947−41.7%
20023−57.1%
20210−100.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година Куново има 90 жители, сите Македонци христијани.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[4]

Куново е мало село, коешто се наоѓа во фаза на наполно раселување. Тоа, во 1961 година броело 166 жители, а во 1994 година, само седум жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Куново живееле 3 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 90 142 185 166 88 32 12 7 3 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]


Самоуправа и политика уреди

Кон крајот на XIX век, Куново било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Мушково, во која влегувале селата Емирица, Каврак, Кнежево, Којково, Куново и Мушково.

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0908 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа во селото Луково. Во него се опфатени селата Близанци, Куново и Луково.[10]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[11]

Личности уреди

Родени во или по потекло од Куново
Починати во Куново

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 79.
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 223.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 октомври 2022.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 24 октомври 2022.
  11. „Локални избори 2021“. Посетено на 24 октомври 2022.

Надворешни врски уреди