Кундино

село во Општина Пробиштип

Кундино — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Кундино

Воздушен поглед на Кундино

Кундино во рамките на Македонија
Кундино
Местоположба на Кундино во Македонија
Кундино на карта

Карта

Координати 42°01′23.88″N 22°08′45.96″E / 42.0233000° СГШ; 22.1461000° ИГД / 42.0233000; 22.1461000
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Население 27 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21018
Надм. вис. 663 м
Кундино на општинската карта

Атарот на Кундино во рамките на општината
Кундино на Ризницата

Потекло и значење на името уреди

Според кажувањата и верувањата на мештаните името на селото Кундино потекнува од отоманско време и од турскиот јазик со значење „место за одмор“, „одморалиште“ крај пат, односно место каде застанувале патниците да одморат на патот кога патувале од Кратово кон Пробиштип.[2]

Географија и местоположба уреди

 
Поглед на селото

Селото се наоѓа на крајниот северен дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од патот Пробиштип-Кратово, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кратово.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 710 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 4 километри.[3]

До селото се стигнува преку регионалниот пат 1205, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село.

Стопанство уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 7,4 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 275 хектари, на шумите отпаѓаат 260 хектари, а на пасиштата 167 хектари.[3]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[3]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948284—    
1953320+12.7%
1961353+10.3%
1971309−12.5%
1981227−26.5%
ГодинаНас.±%
1991141−37.9%
1994125−11.3%
200281−35.2%
202127−66.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кундино живееле 154 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кундино имало 152 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]

Кундино е мало село, коешто во 1961 година броело 353 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 125 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Кундино живееле 81 жител, од кои 79 Македонци и 2 Срби.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 27 жители, од кои 26 Македонци и 1 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 154 152 284 320 353 309 227 141 125 81 27
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови уреди

Селото Кундино отсекогаш во целост е населено само со Македонци од православна вероисповед, при што поголемиот дел се доселенички родови.[13]

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

  • Староседелски родови: Кимовци и Бошковци, а старинци биле и Павловци и Маринковци кои изумреле без потомци во селото.
  • Доселенички родови: Ѓурчиновци, чии предци се доселиле како чифчии во втората половина на XVIII век од селото Безиково во Кочанско; Трајановски водат потекло од лице доселено од селото Трооло во почетокот на XIX век, како домазет во староседелскиот род Кимовци; Кацарци дошле во првата половина на XIX век од селото Горно Кратово како момоци на турски беглик; Стојковци се доселиле во средината на XIX век од соседното село Пробиштип како чифчии; во втората половина на XIX век како чифчии се доселиле родовите Јованчевци од селото Гризилевци, Јуруци од селото Добрево, Вучевци од селото Лесново, Додеви-Дедо Симонови од селото Шлегово.

Општествени установи уреди

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика уреди

Кон крајот на XIX век, Кундино било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Кундино, се наоѓале и селата Горни Стубол, Гризилевци, Добрево, Долни Стубол, Дренак, Калниште, Марчино, Неокази, Петршино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Пробиштип, во која влегувале селата Гризилевци, Калниште, Кундино, Неокази и Пробиштип.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1557 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 26 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 27 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви[17]
Споменици[18]
  • Спомен-плоча посветена на загинати борци на НОБ
Езера
  • Кундинско Езеро — природно езеро со басен од вулканско потекло на еден километар североисточно од селото
Реки


Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Според кажување на Димитрие Игнатов - Мите (65 г.) од с. Кундино. Забележале Марио Шаревски и Дарко Стојчески, на 31.03.2019 во село Кундино
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 87.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 232.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 ноември 2022.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Василевски, Ангел (1974). Злетовска област - географско-историски осврт. Скопје: Собрание на општината Пробиштип. стр. 109–111.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Локални избори 2021“. Посетено на 20 ноември 2022.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28.
  18. „Споменици | Општина Пробиштип“. Посетено на 2022-11-20.

Надворешни врски уреди