Кумановска дивизија на НОВЈ

Кумановска дивизија на НОВЈ била формирана во почетокот на октомври 1944 година во селото Жегљане, Кумановско, кога е формиран штабот на дизвизијата.[1] Во нејзиниот состав влегле следните бригади: Шеснаесетта, Седумнаесетта, и Осумнаесетта македонска ударна бригада. Дивизијата имала околу 5500 борци и старешини, и формациски дејствувала во рамките на Шеснаесеттиот македонски корпус.

Команден состав уреди

Командниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]

Борбени дејства уреди

Борбените операции на оваа дивизија се одвивале во координација со Четириесет и втората дивизија која исто така била под команда на Шеснаесеттиот македонски корпус. Кумановската дивизија дејствувала на потегот Крива Паланка-Пчиња, заедно со Првата бугарска армија, а потоа на пругата Скопје-Качаник, каде водела жестоки борби со германските сили што се повлекувале, како и со балистичките сили кои оперирале во тој регион. Од нејзините бригади:

По конечното ослободување на Македонија, оваа дивизија продолжила со борбите против балистите во реонот Прешево и Гнилање, а со воената реформација од декември 1944 година, оваа дивизија била расформирана, а нејзините борци влегле во составот на другите единици на македонската војска.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 186-187