Кукуш (округ)

округ во Егејска Македонија

Кукуш (грчки: Περιφερειακή ενότητα Κιλκίς) — округ во Егејска Македонија, денес дел од областа Централна Македонија во Грција. Административен центар е градот Кукуш. Подрачјето на округот се совпаѓа со она што традиционално го нарекуваме „Кукушко“.

Кукуш
Περιφερειακή ενότητα Κιλκίς
Округ
Општини во округот Кукуш
Општини во округот Кукуш
Кукуш во Грција
Кукуш во Грција
Координати: 41°0′N 22°50′E / 41.000° СГШ; 22.833° ИГД / 41.000; 22.833
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
Админ. центарКукуш
Управа
 • УправникХристос Гуненудис
Површина
 • Вкупна2.519 км2 (973 ми2)
Население (2021)
 • Вкупно85.885
 • Густина34/км2 (88/ми2)
Пошт. бр.61x xx
Повик. бр.234x0
ISO 3166GR-57
Рег. таб.ΚΙ
Мреж. местоkilkis.gr
Карта на општинските единици на општините Кукуш и Пајонија во Кукушкиот округ:
1. Кукуш, 2. Бојмица, 3. Галик, 4. Гуменџе, 5. Дојран, 6. Ашиклар, 7. Круша, 8. Аканџали, 9. Горчливо Езеро, 10. Ругуновец, 11. Хрсово, 12. (Голема) Ливада

Географија уреди

Планините во округот се Пајак (Пајко) на запад, дел од западните краеви на Беласица (Белес или Керкини) на североисток и Круша (Крусија) на исток. Во северниот дел се наоѓа Дојранското Езеро. Се граничи со окрузите Сер на исток, Солун на југ и Постол на запад. На север округот Кукуш се граничи со општините Богданци, Гевгелија и Дојран во Република Македонија.

Стопанство уреди

Стопанството во округот е исклучиво земјоделско. Најважни култури се пченицата, тутунот и памукот. Голема улога има и сточарството. Подрачјето на округот е слабо населено поради особеностите на теренот. Индустриското производство има споредна улога.

Клима уреди

Кукушкиот округ има претежно континентална клима, со студени зими на повисоките места. Во најјужните делови на долината на Вардар климата преоѓа во умереносредоземна и средоземна.

Општини уреди

Округот Кукуш е поделен на 2 општини. Тие се слдниве (означени со бројки во инфокутиајта):[1]

Демографија уреди

Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 32 населени места и сочинуваат околу 14% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 11.000 Македонци.

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди