Ксенофонт

старогрчки историчар и филозоф

Ксенофонт (грчки: Ξενοφῶν, околу 430 п.н.е.354 п.н.е.) бил старогрчки философ и реторичар.

Животопис уреди

 
Ксенофонт од Атина

Иако живеел во Атина, Ксенофонт бил противник на демократијата и бил приврзаник на аристократскиот режим кој преовладувал во Спарта. Оттука, тој ги испратил своите синови да учат во Спарта.[1]

Творештво уреди

Киропедија уреди

Во првата статија од неговото дело „Киропедија“, Ксенофонт зборува за власта. Според него, секогаш низ историјата, едни узурпатори ги соборувале од власта други узурпатори и затоа чудно е како некој може дури и кратко време да се задржи на власт. Според него, човекот ниту дома не знае да владее; уште повеќе, животните секогаш ги следат оние кои се грижат за нив, а луѓето не прават така; животните пасат на местото на кое ќе ги однесе овчарот, го слушаат она што им се забранува и стадото никогаш не се буни против овчарот, туку му ја дава целата корист што тој ја бара. Ако животните се лоши, вели Ксенофонт, тие не се лоши против својот сопственик, туку против другите луѓе; а луѓето, напротив, се бунат токму против оној која сака да управува со нив и да ги среди нивните работи. На тој начин, Ксенофонт заклучува дека не постои ниту едно животно потешко за управување од човекот.[2]

Учењето за љубовта уреди

Ксенофонт сметал дека љубовта е производ на слободната волја. Според него, кога љубовта би имала суверена сила, тогаш убавината би била убава за секого. Преку неговиот лик Араспос, Ксенофонт вели: Огнот пече секого, зашто во природата на огнот е да пече; меѓутоа, еден човек се вљубува во некоја убавина, а друг човек поминува рамнодушен покрај неа. Освен тоа, братот не се вљубува во сестрата, ниту таткото во ќерката затоа што не го сакаат тоа. Тоа, пак, докажува дека љубовта зависи од волјата. Наспроти тоа, неговиот лик Кир одговара: ако љубовта зависи од нашата слободна волја, тогаш зошто не престанат да сакаат оние кои би сакале да престанат, туку напротив, тие плачат од болка и на љубовта ѝ робуваат дури и гордите луѓе кои го сметаат ропството за најголемо зло; исто така, во името на љубовта, луѓето лесно се одрекуваат од нештата од кои инаку не сакаат да се откажат; најпосле, луѓето ја носат љубовта како болест и живеат во страв да не го изгубат оној што го сакаат. На тоа, Араспос одговрат дека таквите вљубени луѓе се страшливци, зашто сакаат да умрат, но им е страв да се убијат. Чесните луѓе, кога сакаат злато, коњи или жени, можат да живеат без нив и повеќе сакаат да живеат без нив отколку неправедно да ги добијат, а тоа покажува дека љубовта зависи од волјата. На тоа, Кир му враќа со зборовите: Огнот пече кога ќе се допре, но љубовта пече и од далеку.[3]

Наводи уреди

  1. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 355.
  2. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 353-354.
  3. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 120-121.