Дел од темата
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голем раскол
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар завет
Нов завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асирска црква на Истокот

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанство
Христоделфијани
Единствен пентекостализам

Крштевање — обредно прочистување на телото во вода.

Крштевањето во христијанството е темелна тајна на црква. По применото крштевање, лицето може да биде наречен христијанин, станува полноправен член на христијанската црква и стекнува право на сите останати тајни и богослужби на црквата, но и на себе ги прима сите останати одговорности во црквата. Самото крштевање било потенцирано и од страна на Исус Христос:

Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал![1]
Може ли некој да им ја забрани водата, да не се крстат овие, кои Го примија Светиот Дух како и ние? И заповеда да ги крстат во името на Исуса Христа

Исто така, преку крштевањето според христијанската традиција, се влегува во црквата и се станува христијанин. Според зборовите на Исус:

Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо[2]

Во светата вода на крштението човекот се очистува од сè што е грешно и се преродува од Светиот Дух. Ако е дете, се очистува од прародителскиот грев; ако е пак возрасен, се очистува и од личните гревови.

Историја уреди

 
Крстилницата во Епископската базиликата во Стоби (изградена во V век) се користела за крштевање

Крштевањето се практикувало уште во најстаро време, како симбол на физички и морален очај. Христијанското крштевање води потекло од Исусовото крштевање од страна на Јован Крстител. Во првите векови на христијанството, крштевањето секогаш претходело на запознавањето на верникот со религијата. Во раното христијанство, крштевањето се вршило само над т.н. зрели верници, кои претходно морале да се пријават како кандидати за обред на крштевање и определен период да се пуштат во пост и молитва. За да верниците бидат крстени, тие морале да се покажат како достојни за таа работа. Периодот можел да достигне и до две години, за да доколку се покажат достојни, да следи обредот на самото крштевање.

Во раната црква, исто така крштевањето се одвивало преку потопување во вода. Таа форма се практикува и денес во Источната црква, кај Баптистите, Адвентистите и други протестантски деноминации.

Обред уреди

 
Крштевање во Катедралата Света Софија во Санкт Петербург

Според правилата на Православната црква, чинот на воведување на едно новородено дете во црквата се врши веднаш по раѓањето на детето каде треба да се повика свештеник кој се моли над мајката и детето. Осмиот ден по раѓањето, евреите ги обрезуваат децата, по старозаветниот закон. Тој ден бил обрежан и Господ и тој ден христијанската мајка треба да го однесе детето кај свештеникот, по можност пред црквата, свештеникот да изврши знаменување, да го прогласи за огласен, да му даде име кое ќе го носи до крштевањето и да благослови вода која се додава во водата за капење или детето се посипува до крштевањето или до четириесеттиот ден по раѓањето. Четириесеттиот ден по раѓањето, свештеникот врши уцрковување (воведување во храм) на новороденото дете, но само на крстено дете. Тоа е време кога по старозаветниот закон се навршувале деновите одредени за чистење на мајката, и кога пресвета Богородица го вовела Христос во Храмот пред старецот Симеон, затоа и детето на тој ден се воведува во црквата. Во православната црква крштевањето е споено со Миропомазанието. Важниот чин на самото крштевање е тројното потопување во света вода.

Наводи уреди

  1. Матеј 28:19
  2. Јован 3, 5