Во Евклидовата геометрија, круг е множество од сите точки во рамнината кои се наоѓаат на еднакво растојание, наречено полупречник, од дадена точка, наречена центар. Кружницата е проста затворена крива, која ја дели рамнината на внатрешен и надворешен дел. Внатрешноста заедно со самата кружница се нарекува круг.

Илустрација на круг

Во x-y координатен систем, кружница со центар во (a, b) и полупречник r е множеството од сите точки (x, y) такви што

.

Ако кружницата има центар во координатниот почеток (0, 0), тогаш оваа формула добива упростен облик

.

Кружницата со центар во координатниот почеток и со полупречник 1 се нарекува единична кружница.

Периметарот на кругот се пресметува според фурмулата:[1] L = d x π, каде: d е дијаметарот на кругот, а бројот π има приближна вредност од 3,41. Слично на тоа, периметарот може да се пресмета и како: L = 2r x π, каде r е радиусот на кругот. Плоштината на кругот со радиус r се пресметува со следнава формула: P = π x r2

Кругот како тема во уметноста и во популарната култура уреди

Кругот како мотив во книжевноста уреди

Кругот се јавува и како тема во бројни дела од областа на уметноста и популарната култура, како:

Кругот како мотив во музиката уреди

  • „Кругот не е тркалезен“ (англиски: The circle is not round) — песна на македонската група Анастасија.[9]
  • „Широчината на кругот“ (англиски: The Width Of A Circle) — песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви (David Bowie) од 1970 година.[10]
  • „Пет кругови“ (англиски: Five Circles) — композиција на композиторот и инструменталистот Вангелис од 1981 година.[11]
  • „Кругови“ (англиски: Circles) — песна на американската хард-кор група Даг нести (Dag Nasty) од 1986 година.[12]
  • „Круг“ — песна на југословенската рок-група Екатарина Велика.[13]
  • „Анти-круг“ (англиски: The Anti-Circle) — песна на американската хип-хоп Рутс (The Roots) од 1993 година.[14]

Наводи уреди

  1. Боривоје Миладиновиќ, Трајче Ѓорѓијевски и Никола Петрески, Математика за II година гимназиско образование. Скопје: Алби, 2009, стр. 136-137.
  2. Horhe Luis Borhes, Маštarije. Beograd: Paidea, 2006, стр. 31-35.
  3. Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 87.
  4. Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 69-70.
  5. Ристо Трифковиќ, „Мак Диздар или Патот до Камениот спијач“, во: Мак Диздар, Горчин. Скопје: Македонска книга, 1968, стр. 138.
  6. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 210.
  7. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 109.
  8. „Хронологија“, во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 159.
  9. Anastasia, Before the Rain, Polygram Music.
  10. Discogs, David Bowie ‎– The Man Who Sold The World (пристапено на 16.4.2020)
  11. Vangelis, Chariots of Fire, Polydor, 800 020-2, 1981.
  12. Discogs, Dag Nasty – Can I Say (пристапено на 13.9.2022)
  13. Ekv - Krug - YouTube (пристапено на 10.9.2016)
  14. The Roots – Organix (пристапено на 31.1.2024)