Крстовар

врв на планината Водно во Скопско

Крстовар (познат и како Крствар) — највисок врв на планината Водно, јужно над градот Скопје. Неговата надморска височина изнесува 1.066 метри, а територијално припаѓа на скопската Општина Карпош. Врвот не е пошумен и претставува тревнато-каменит терен. На врвот Крстовар се наоѓаат планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ и Милениумскиот крст, еден од белезите на градот Скопје поставен во 2002 г. Во непосредна на самиот врв се поставени и предаватели за телевизија и мобилна телефонија, а се наоѓаат и воено-полициски објекти, како и извор на вода. Нуди прекрсен панорамски поглед на целиот град Скопје, а кон југ на селата Горно Соње и Долно Соње, како и на планините Караџица и Даутица.

Крстовар
Бележник на Крстовар со точната висина
Највисока точка
Надм. вис.1.066 м
Координати41°57′54″N 21°23′42″E / 41.965121° СГШ; 21.394928° ИГД / 41.965121; 21.394928 (Крстовар)
Географија
Крстовар на карта

Карта

Земја Македонија
КрајСкопско
ОпштинаКарпош

Пристап уреди

До врвот се стасува по повеќе доброобележани планинарски патеки меѓу кои најпознати се: Буран-Цветкова, Олимписка, Пензионерска, асфалтиран пат за возила, како со жичницата „Милениумски крст“ од Средно Водно.

Поврзано уреди

Галерија уреди

Надворешни врски уреди