Крошна е оној дел од стеблото на растението што го сочинуваат гранките.[1] На нив има листови и репродуктивните елементи. Повеќе крошни на дадено место образуваат шумски покрив.

Крошна на дрво

Постојат најразлични облици на крошни. Два главни типа се крошните со нагорен раст, кои се конусни по облик, и крошните со надолен раст, кои се округли. Други својства на крошните се нивната ширина, површина, зафатнина и густина. По димензиите на дадениот примерок се утврдува здравствената состојба, фаза на растот и ефикасноста на растението.

Крошната има за задача да ја претвора енергијата со фотосинтеза, да ја испушта со дишење и да ја испушта водата кон атмосферата со транспирација. Овие функции ги вршат листовите. Гранките даваат механичка потпора и ефикасно ги распоредуваат листовите и спроведуваат ресурси (вода, хранливи материи, фотосинтати) за извршување на овие функции.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „крошна“ - Дигитален речник на македонскиот јазик
  • Крошна Архивирано на 2 декември 2007 г. (англиски)
  • Kozlowski, T.; Kramer, P.; Pallardy, S. (1991) The physiological ecology of woody plants. Academic Press