Кротка (филм од 2017)

„Кротка“ (руски: Кроткая) — филм од 2017 година, во режија на Сергеј Лозница, кој е автор и на сценариото (инспирирано од истоимената новела на Достоевски). Главните улоги ги играат: Василина Маковцева, Валериј Андрјута, Сергеј Колесов и Дмитриј Бјовски. На Канскиот филмски фестивал во 2017 година, филмот влегол во конкуренција за „Златната палма“.[1]

Сергеј Лозница.

Синопсис уреди

Една жена живее во мало руско село, а нејзиниот маж е в затвор поради наводно убиство. Бидејќи пакетот што му го испратила се враќа назад, таа оди д го посети.[2] Притоа, уште на железничката станица, таа е уапсена, но набргу е пуштена. Кога пристигнува во затворот, таму одбиваат да го примат пакетот. Поради тоа, таа бара помош од локалните мафијаши и од организацијата за заштита на човековите права, но никој не може да ѝ помогне. Најпосле, таа одлучуав да се врати дома и заспива во чекалната на железничката станица. Тогаш, таа сонува како полицијата ја носи во една ловечка куќа во која се собрани сите луѓе кои таа ги видела за време на своето патување до затворот, а потоа неа ја силуваат. Кога се разбудува, една жена ѝ кажува дека успеала да ѝ среди средба со нејзиниот затворен сопруг.

Наводи уреди