Крлук или криваковчарски стап свиткан на крајот со кој се фаќаат овците за ногата[2][3][4][5].

Крлук
Рачно насликаниот примерок на поемата „Пастирот“ од Вилијам Блејк претставува идилична сцена каде пастирот го гледа своето стадо со крлук. Оваа слика претставува копија Б, испечатена и насликана во 1789 година која денес се наоѓа во Конгресната библиотека.[1]

Овците може да се хранат на пасишта кои се несоодветни за крупниот добиток или за земјоделство, вклучувајќи ги и планинските терени. Искористувањето на овие пасишта довело до сезонска селидба на стоката. Јакиот, повеќенаменски стап се користел за одржување рамнотежа, испитување на опасни грмушки и за одбрана од напади на животни. Главната намена на кривакот е фаќање на овци.

Симболична употреба уреди

 
Крлук и цеп на ковчегот на Тутанкамон

Крлукот се употребувал како религиозен симбол (особено во тешки прилики), вклучувајќи го епископскиот жезол

Музата на комедијата во старогрчката митологија, Талија, вообичаено била претставувана како држи крлук.

Крлукот и цепот (земјоделска алатка) биле фараонски обележја на авторитет.

Наводи уреди

  1. Morris Eaves, Robert N. Essick, and Joseph Viscomi (уред.). „Songs of Innocence, copy B, object 4 (Bentley 5, Erdman 5, Keynes 5) "The Shepherd". William Blake Archive.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  2. „крлук“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „кривак“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „крлук“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „кривак“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик

Надворешни врски уреди