Кристијан Андрес Валенсија Суарез или (шпански: Christian Andrés Suárez Valencia) (роден 2 Ноември 1985 во Гвајакил), попознат како Кристијан Суарез, е Еквадорски фудбалер, кој најчесто игра како напаѓач и во моментов е член на мексиканаската екипа Сантос Лагуна во Примера Дивизион.

Кристијан Суарез
Christian Suárez
Лични податоци
Роден на 2 ноември 1985(1985-11-02)(38 г.)
Роден во Гвајаквил, Еквадор
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција напаѓач,крило,крилен напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Сантос Лагуна
Број 13
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007 Депортиво Азогес 29 (1)
2008 ЛДУ Кито 18 (1)
2009–2010 Олмедо 30 (10)
2010Ел Национал (позајмен) 38 (11)
2011 Некакса 16 (3)
2011 Сантос Лагуна 18 (5)
Репрезентација
2010- Еквадор 6 (3)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 17 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 јануари 2012

Клупска кариера уреди

Суарез ја започна својата професионална кариера во локалниот клуб CSCD Fedeguayas. Така, на возраст од 22 години тој заигра во Примера А за екипата на Депортиво Азогес. Првата сезона во врвниот фудбал во Еквадор , 2007, Суарез заврши со биланс од еден гол во 29 меча. Во јануари 2008 година тој беше откупен од страна на некогашниот првак на Јужна Америка во клупски фудбал екипата на ЛДУ Кито. Иако тимот имаше три неверојатни успеси во овој период - освојувањето на Копа Либертадорес , второто место во лигата и настап на Светското клупско првенство, каде тимот истотка го освојува второто место по поразот во финалето од Манчестер Јунајтед - но придонесот на Суарез во овие успеси е мал, тој се појавуваше во мечевите најчесто како резерва. По една година, тој се приклучи на тимот на Олмедо, а целата 2010-та сезона ја помина на позајмица во Ел Национал. По успешните настапи беше продаден на Примера Дивизион тимот Некакса. Тој веднаш освои место во почетната постава. Но, не беше во можност да го спречи тимот од испаѓање во Лига де Асценцио, и покрај добриот скор на теренот (3 гола и 2 асистенции). Суарез летото 2011 година беше купен за сума од еден милион евра од Сантос Лагуна како наследник на неговиот сонародник, Чучо Бенитез.

Репрезентативна кариера уреди

На своето деби за Еквадор, на 9 октомври 2010 година во 0-1 поразот од Колумбија, Суарез влезе на теренот во 84 минута, но во последните минути го напушти мечот поради повреда (беше заменет). Првиот гол за репрезентацијата го постигна во својот втор меч, на 11 Август 2011 година во пријателскиот двобој со Костарика (2-0).

Репрезентативни голови уреди

# Дата Терен Противник Гол Крај Натпревар
1. Август 10, 2011 Сан Хосе, Костарика   Костарика 0-1 0-2 Пријателска
2. Септември 2, 2011 Стадион Олимпико Атахуалпа, Кито,   Јамајка 2-0 5-2 Пријателска
3. Септември 6, 2011 Стадион Олимпико Атахуалпа, Кито,   Костарика 1-0 4-0 Пријателска

Титули уреди

Копа Либертадорес 2008 - победник

Светско клупско првенство во фудбал 2008 - второ место

Надворешни врски уреди