Крива – непрекината црта, или поточно речено, еднодимензионално множество точки. Рамнинска крива е крива кај која сите точки се во една рамнина, на пр. кружница, елипса, хипербола, парабола, спирала, кардиоида, астроида, циклоида, Гаусова крива, Архимедова завојница. Просторна крива е е крива во просторот, на пр. локсодрома.

Циклоидата се создава со движење на кружница по права.
Локсодромата е спирала на сфера.

Темелно обележје на кривите е дека тие всушност се бесконечно многу кривулести. Значи, не постојат 3 точки на кривата низ кои може да се повлече една права. Односно, колку и да се приближува до помали вредности (или поголеми) на графиконот на кривата, таа вечно ќе биде закривена, додека постоја графикони на приближни криви, кај кои кога би се зголемила нивната слика, би можело да се забележи дека тие се состојат од делови на права.

Надворешни врски уреди