Кремаљскиот арсенал (руски: Арсенал Московского Кремля) претставува двокатна зграда која се наоѓа во северниот дел на Московскиот Кремљ, и во која е сместен Кремаљскиот полк. Овој објект се наоѓа помеѓу Троицката кула и Николаевата кула.

Кремљски арсенал
Арсенал Московского Кремля
Карта
Општи податоци
Стилнеокласицизам
ГрадМосковски кремљ, Москва
ЗемјаРусија
Почната1702 до 1736

Изградбата на објектот започнала во 1702 година по наредба на Петар I[1], и траела до 1736 година, и главно била користена како воен магазин. Во времето на инвазијата на француските војски предводени од страна на Наполеон Бонапарт, зградата била во голема мера уништена. Во периодот од 1816 до 1828 година, зградата била повторно обновена, во неокласичен стил. Како главни архитекти биле избрани М. Чоглоков, Д. Иванов и Х. Конрад.

Во тој период служела и како музеј кој бил посветен за победата на земјата против Наполеон. Во овој музеј се наоѓаат голем број на топови кои по потекло се од најразлични европски земји. Во 1960 година, руските топови од 16 век и 17 век биле прикачени на јужниот дел од зградата.

Висината на зградата е 30 метри.

Наводи уреди