Кралот на кралевите (филм)

„Кралот на кралевите“ (англиски: King of Kings) — американски филм, во режија на Николас Реј. Главните улоги ги толкуваат: Џефри Хантер (во улогата на Исус), Роберт Рајан (како Јован Крстител), Рон Рендал и Рип Тори. Како раскажувач во филмот е појавува Орсон Велс.[1] Овој филм се смета за еден од најдобрите кои го опишуваат животот на Исус Христос.

Кармен Севиља како Марија Магдалена на фотографија за публицитет за филмот

Содржина уреди

Фабулата на овој филм се носи со две страни: историска и евангелска. Таа започнува со приказот како тоа Ерусалим и сета земја паднаа под Римска власт преку заповедта на Помпеј во 63 година пред Христа. Меѓутоа, надежта на народот е дека Бог ќе им испрати Спасител-Месија којшто ќе ги избави од сета тиранија на наметнатата власт. На ова се надоврзува евангелската фабула која го следи животот на Исус од Назарет основана на четирите Евангелија: неговото раѓање во Витлеем (првиот Божиќ), Крштението, изборот на апостолите, проповедите и чудата, неговите страданија во Ерусалим, за на крајот да заврши со Воскресението и Заповедта за Крштение на сите народи. Дополнително на оваа евангелска фабула е нејзиниот историски контекст: лик кој е речиси рамноправен со Христос е Варава, револуционер и бунтовник против Римската власт, ослободен за Пасха како што Христос е испратен на Голгота на Распетие. Варава во филмот го претставува „оганот“ и „мечот“, додека Христос е претставник на мирот и на братството на сите луѓе. Во однос на последново се поставува и римскиот стотник Лукијан: преку колежот на Витлеемските деца и активноста на св. Јован Крстител тој се запознава со Христијанството, за на крајот, при самиот Крст Исусов, да Го исповеда Исус како Христос.[2]

Наводи уреди

  1. Антена, број 825, 17.4.2014, стр. 16.
  2. W. B. Tatum, Jesus at the Movies: A Guide to the First Hundred Years. Polebridge Press, Santa Rosa, 1997, с. 75-85.