Кочо Анѓушев

македонски стопанственик и политичар

Кочо Анѓушев (р. 20 јуни 1969 во Велес) — македонски стопанственик и универзитетски професор на Машинскиот факултет во Скопје.

Кочо Анѓушев
Вицепремиер за економски прашања
На должноста
1 јуни 2017 – 3 јануари 2020
Премиер Зоран Заев
Претходник Владимир Пешевски
Лични податоци
Роден(а) 20 јуни 1969(1969-06-20)(54 г.)
Велес, СР Македонија
Установа Св. Кирил и Методиј
Занимање стопанственик

Анѓушев се нашол на „црната листа“ на американското Министерство за надворешни работи поради негова вклученост во значителна корупција при неговиот мандат како вицепремиер за економски прашања во Владата на Македонија во периодот 2017-2020.[1]

Животопис уреди

Анѓушев дипломирал на Машинскиот факултет во универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1992 година во Скопје. Магистрирал во 1995 година, а во 1998 година станал доктор на науки и редовен професор на факултетот. Во периодот 2000–2002 бил помошник на генералниот директор за производство и управување во Електростопанство на Македонија (ЕСМ).[2]

Во 2003 ја основал фирмата „Фероинвест“, која добила концесија врз 21 хидроелектрана во Македонија, а истата година Анѓушев купил мнозинство од акциите во фабриката за жичени производи „Брако“. Подоцна тој го основал претставништвото на групацијата ЕФТ во Македонија, кое се занимава со трговија на електрична енергија.

Анѓушев живее и работи во Скопје. Американското економско списание Форбс во 2014 го прогласило Анѓушев за еден од петте најбогати Македонци.[3]

Наводи уреди

  1. „Designation of North Macedonia Public Official Kocho Angjushev for Significant Corruption“. United States Department of State (англиски). Посетено на 2023-12-12.
  2. „Биографија на Кочо Анѓушев“. Брако. 23 мај 2017. Архивирано од изворникот на 2017-06-05. Посетено на 31 мај 2017.
  3. „Кој е Кочо Анѓушев?“. Плусинфо. 23 мај 2017. Посетено на 28 мај 2017.

Надворешни врски уреди