Косел

село во Општина Охрид

Косел — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид. До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, а служи како главно село за останатите села во околината.

Косел

Поглед на селото

Косел во рамките на Македонија
Косел
Местоположба на Косел во Македонија
Косел на карта

Карта

Координати 41°10′27″N 20°50′8″E / 41.17417° СГШ; 20.83556° ИГД / 41.17417; 20.83556
Регион  Југозападен
Општина  Охрид
Област Охридско
Население 566 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6306
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19022
Надм. вис. 750 м
Косел на општинската карта

Атарот на Косел во рамките на општината
Косел на Ризницата

Потекло на името

Името на селото доаѓа од турскиот збор „косел“, кој означува сулфур. Така е наречено поради постојаниот мирис на сулфур во селото, кој доаѓа од солфатарата Дувало (погрешно нарекувана „вулкан“).[2]

Географија и местоположба

 
Низ селото

Ова село се наоѓа во Охридската Котлина, североисточно од Охридското Езеро, а недалеку северно од градот Охрид, сместено на регионалниот пат Охрид-Ресен-Битола. Денес, се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Охрид.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 730 метри.[3]

Косел се наоѓа долж бреговите на Коселска Река. Тоа е познато село, сместено северно од градот Охрид. Околни села се: Опеница, Вапила, Горно Лакочереј и други. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од бунари и извори, но и пумпи. Од 1965 година, во селото постои водовод.[2]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Градиште, Плевниште, Голачица, Турска Бранејнца, Јасика, Мотрума, Свети Илија, Вишеста, Кисела Вода, Бел Камен, Ледиње, Вапилица, Муратица, ’Рвеник, Гроб, Гавела, Бучало, Крувче, Злинка, Вирот, Амбарчица и Костенот.[2]

Селото во основа има збиен тип. Поради регионалниот пат кој минува низ селото, истото е издолжено во насока североисток-југозапад. Главните маала се нарекувани по родовите како: Раповци, Кросновци, Масовци и други.[2] Традиционално се дели на две маала, Горни и Долни Косел, иако во Долни Косел живеат многу малку жители (повеќето се иселени).

Косел се наоѓа во Охридско-коселската вулканска област што се протега северно од Охрид. Така, селото е сместено на Коселскиот Расед и може да се сретнат поствулкански појави, како што се мофетите. Најпозната е солфатарата-мофета над Косел, наречена Дувало.[4]

Историја

 
Споменик за благодарност на учесниците од селото во Илинденското востание и во НОБ

Поради поволните услови за земјоделство и пасишта на планинскиот дел на атарот, живот во селото постоел одамна. Траги од тие периоди можат да се забележат во топонимите, старите гробови и друго. Месноста Градиште е возвишување десно од патот Охрид-Ресен, за која се верува дека била тврдина од која бил заштитуван сообраќајот на овој пат. Косел отсекогаш бил важен сообраќаен јазол.[2]

Во XIX век, Косел било село во Охридската каза на Отоманското Царство.

Пред крајот на турската власт, во селото постоеле неколку турски чифлици. Сопствениците на чифлиците живееле во Охрид.[2]

Во минатото селото се делело на два дела, Горен и Долен Косел. Меѓутоа, Долен Косел воглавно не постои, бидејќи неговите жители се иселиле или пак се населиле во Горен Косел.[2]

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 8,9 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 331 хектар, на шумите отпаѓаат 336 хектари, а на пасиштата само 11 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 8,9 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 331 хектар, на шумите отпаѓаат 336 хектари, а на пасиштата само 11 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

До Втората светска војна, мештаните се занимавале со земјоделство и со сточарство, бидејќи селото поседува и ниви и планински терен. Поради близината со градот Охрид, многумина работат и таму.[2]

Со создавањето на индустриска зона на излезот од Охрид кон Битола, многу стопанственици отворија свои фирми во атарот на селото. Најзначаен капацитет е фабриката „ЕМО“, која денес е затворена.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948615—    
1953657+6.8%
1961794+20.9%
1971798+0.5%
1981834+4.5%
ГодинаНас.±%
1991716−14.1%
1994657−8.2%
2002586−10.8%
2021566−3.4%

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото Горен Косел е посочено со 35 домаќинства и 98 жители, селото Долен Косел е посочено со 10 домаќинства и 46 жители.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Косел живееле 330 жители (Горен - 300, Долен 30), сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Косел имало 560 жители (Горен Косел - 320, Долен Косел 240), под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото било поделено на горно и долно маало, каде Горно Косел имало 200 жители, додека пак Долно Косел имало 300 жители, сите Македонци.[8]

Косел е средно по големина село, кое што во 1961 година имало 794 жители, а во 1994 година 657 жители, од кои 647 биле Македонци, двајца Срби и осум други.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Косел живееле 586 жители, од кои 576 Македонци, 6 Срби и 4 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 566 жители, од кои 553 Македонци, 1 Албанец, 2 Срби, 1 останат и 9 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 330 560 615 657 794 798 834 716 657 586 566
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Косел е македонско православно село, во селото има староседелски родови и доселенички.[2]

Родови во селото Косел се:

  • Родови при заминувањето на отоманската власт: Раповци (60 к.), најстар род се во селото, староседелци; Спировци (25 к.), доселени се од некаде, во селото живеат од првата половина на XIX век; Кросновци (20 к.), доселени се од соседното село Вапила, каде припаѓале на родот Климовци кој во Вапила бил доселен од Велестово; Масовци (15 к.), Митковци (10 к.), Дулчевци (10 к.) и Ѓоклевци (10 к.), доселени се, но не знаат од каде.
  • Родови доселени после Првата и Втората светска војна: Вапилци (10 к.), доселени се од селото Вапила; Опеничани (10 к.), доселени се од селото Опеница и Скребатниковци (6 к.), доселени се од селото Скребатно.

Општествени установи

 
Поглед на подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика

 
Грб на поранешната Општина Косел.

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било седиште на некогашната рурална Општина Косел.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било седиште на тогашната општина Косел.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Косел, во која селото Косел, се наоѓале и селата Вапила, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Завој, Куратица, Ливоишта, Опеница, Орман, Плаќе, Расино, Речица, Свиништа и Сирула. Во периодот 1950-1952, исто така, постоела општината Косел, во која влегувале селата Вапила, Косел, Ливоишта, Расино и Сирула.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1336 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 527 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

 
Поглед на главната селска црква „Св. Никола“, прогласена за заштитен споменик на културата
Археолошки наоѓалишта[17]
Цркви[18]
Параклиси
Сулфатара
  • Дувало — вулканска наобразба во Македонија, прогласен за природна реткост
Реки[19]

Личности

Родени во Косел

Култура и спорт

  • ФК Вулкан (Косел)

Иселеништво

Се знае за следните иселени родови од селото: Стојаноски (10 к.) и Николоски (3 к.), живеат во Орман и Петревски (1 к.), живеат во селото Горенци.[2]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 158. Посетено на 9 ноември 2019.
  4. Група автори (2016). „Појави на вулканизам на територијата на Република Македонија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 59. ISBN 978-9989-110-90-0.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 252.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 ноември 2019.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 9 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 9 ноември 2019.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 38. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  20. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  21. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Поврзано

Надворешни врски