Корјо-сарам (корејски: 고려사람; руски: Корё сарам; украински: Корьо-сарам) е поимот кој за себе го користат етничките Корејци во пост-советските републики. Тој се состои од два дела: „Корјо“ е едно од имињата за Кореја и „сарам“ што значи човек или луѓе.

Вкупен број
околу 500,000
Подрачја со значајно население
 Узбекистан176,900[1]
 Русија153,156[2]
 Казахстан103,514[3]
 Украина49,817[4]
 Киргистан16,807[3]
 Таџикистан595[5]
 Туркменистан396[6]
 Финска28
Јазици
Руски, Корјо-мар
Вероисповед
Православни христијани како и будисти, протестанти, римокатолици и др.[7]
Сродни народи
Корејци, Сахалински Корејци

Околу половина милион етнички Корејци живеат во поранешните републики на Советскиот Сојуз, особено во независните држави во Средна Азија. Големи корејски заедници постојат и во јужна Русија (близу Волгоград), во рускиот далечен исток (околината на Владивосток), Кавказот и јужна Украина. Сите овие заедници водат потекло од Корејците кои живееле во рускиот далечен исток кон крајот на XIX век.

Посебна група на етнички Корејци живее на островот Сахалин, по кој тие се познати како Сахалински Корејци. Многу од овие Корејци не се идентификуваат како Корјо-сарам. За разлика од другите заедници, чии предци во најголем дел имигрирале кон крајот на 19тиот и почетокот на XX век, Сахалинските Корејци водат потекло од провинциите Ќонгсангдо и Чоладо. Нивните предци биле присилени во 1930-тите и 1940-тите да работат во Сахалинските рудници за јаглен од страна на јапонската влада, каде имало недостиг на работна сила поради Втората светска војна.[8] Во тоа време, Сахалин бил дел од префектурата Карафуто на Јапонската империја.

Наводи уреди

  1. ГОСУДАРСТВЕННЫЙ КОМИТЕТ РЕСПУБЛИКИ УЗБЕКИСТАН ПО СТАТИСТИКЕ
  2. „Всероссийская перепись населения 2010. Национальный состав населения РФ 2010“. Архивирано од изворникот на 2021-12-23. Посетено на 2020-07-06.
  3. 3,0 3,1 stat.gov.kz/getImg?id=ESTAT118979
  4. „Державна служба статистики України“. www.ukrstat.gov.ua.
  5. „ШУМОРА ВА ҶОЙГИРШАВИИ : АҲОЛИИ ҶУМҲУРИИ ТОҶИКИСТОН : ҶИЛДИ I“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-07-06. Посетено на 2020-07-06.
  6. Koreans in Turkmenistan: History and Modern situation.
  7. Schlyter 2004, Footnote 10
  8. „The Korea Times : Koreans in Russia: Historical Perspective“. web.archive.org. 2005-03-18. Архивирано од изворникот на 2005-03-18. Посетено на 2020-07-06.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)