Корадо Алваро (италијански: Corrado Alvaro; 1895-1956) - италијански писател, сценарист и новинар.

Корадо Алваро

Животопис уреди

Алваро е роден во селото Сан Лука, во Калабрија.[1]

Творештво уреди

Алваро бил сестран автор - пишувал новели, романи, кратки раскази, сценарија итн. Тој е претставник на веризмот и во своите дела го слика безнадежниот живот и сиромаштијата во родната Калабрија. Првиот книжевен успех го остварил со делото „Луѓето од Аспромонте“ во кое го опишува искористувањето на селаните од страна на големопоседниците. Многу книжевни критичари ова дело го оценуваат како ремек-дело. Други негови поважни дела се: „Госпоѓата од островот“, „Дваесет години“, „Човекот во лавиринтот“, „Нашето време и надежта“, „Долгата ноќ на Медеја“ и романот „Како животот“ за кого ја добил наградата „Стрега“.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 323.