Константин Кирков

македонски револуционер

Константин Кирков (познат и како Костадин Кирков; 1882 - 18 април 1903) — македонски револуционер - анархист, член на тајниот терористички кружок Гемиџии кој ги извел познатите Солунски атентати кон крајот на април 1903 година во Солун.

Константин Кирков
Роден Велес, Отоманско Царство
Починал 18 април 1903
Солун, Отоманско Царство

Животопис уреди

Роден е во Велес во видно македонско трговско семејство. Го сметале за инкарнација на „возвишен идеализам“, за голем индивидуалист и фанатичен приврзаник на анархизмот. Надворешно важел за младич со префинет изглед.

На 28 април 1903 година (нов стил) Кирков прво ги минира цевките низ кои поминува вода и гас кај т.н. серска железничка станица во Солун, а потоа фрла една бомба помеѓу луѓето пред „Гранд Хотел“.[1]

На 18 април загинал при обидот да ја крене во воздух телеграфската станица во текот на Солунските атентати, а тоа воедно бил и последен атентат.[2][3][4]

Кирков бил вљубен во убавата внука на сопственикот на тогашната Отоман банк, Алис.

Наводи уреди

  1. Павел Шатев, „Солунскиот атентат и заточениците во Фезан“, глава 4.
  2. Шатев, Павел. „В Македония под робство“, Издателство на ОФ, София, 1983, стр. 364-369.
  3. Кратки биографии на атентаторите
  4. „Гяурски, Мариан. „Анархизмът в македоно-одринското националнореволюционно движение: Солунските атентатори". Архивирано од изворникот на 2011-05-16. Посетено на 2011-01-22.

Литература уреди

  • Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје.
  • К. Битоски, Солунски атентати, Скопје, 1985.
 
Гемиџии
 
Јордан Поп Јорданов - Орцето | Константин Кирков | Павел Шатев | Марко Бошнаков | Цветко Трајков | Георги Богданов | Милан Арсов | Димитар Мечев | Владимир Пингов | Илија Трчков | Димитар Коштанов