Константинос Мазаракис

Констанинос Мазаракис (грчки: Κωνσταντίνος Μαζαράκης), познат како Костас Акритас (Κοστας Άκρίτας) и Енијан (Αινιάν) — грчки офицер, учесник во Борбата за Македонија и еден од главните организатори на грчката вооружена пропаганда во Македонија.

Констанинос Мазаракис
Роден 1869
Навплио, Грција
Починал 1949
Атина, Грција

Животопис уреди

Константинос Мазаракис е роден 1869 година во Навплио, Пелопонез. Тој е брат на Александрос Мазаракис. Дипломирал на грчката воена академија во 1897 година, а во октомври 1904 година почнал со раководење на една андартска чета во реонот на Ениџевардарското Езеро, потпомаган од Гоно Јотов.

Во 1905 година со својата чета бил разпределен на планината Каракамен над Негуш, а требало да дејствува во селата покрај Ениџевардарското Езеро и Урумлакот, освен во Воденско и Островско.

 
Константинос Мазаракис на преден план.

Бил избран за кординатор на андартските чети во Централна и Западна Македонија, како и врска меѓу конзуларствата во Солун и Битола.

На 28 март 1906 година селските милиции на Македонската револуционерна организација ја нападнале андартската чета Акритас од Света Марина, во нападот загинале 5 андарти, а од милицијата еден селанец.

Поради овој напад Акритас го нападнал Голо село при што загинале двајца селани, а двајца биле ранети. Војводите на Македонската револуционерна организација, Лука Иванов и Апостол Петков како одмазда за овој напад го опожариле селото Ниси, кое било пункт на Акритас.

Мазаракис како и другите грчки офицери кој учествувале во Борбата за Македонија, за да ја скријат инволвираноста на Грција, користел псведоник, односно капетан Акритас.

Меѓутоа и покрај тоа не успеал да го сокрие својот идентитет и грчката влада била принудена да го открие неговото учество кое требало да остане тајна. Затоа бил заменет од својот помошник Константинос Гарефис.

Во 1912-1913 година Мазаракис учествувал во Балканските војни. Во 1919 година како генерал-мајор ја раководел дивизијата во Скеча и учествувал во борбите кој се воделе во Западна Тракоја во Грчко-турската војна од 1919 година.


1926 година се пензионирал од грчката армија со чинот генерал-лајтант. Во Атина, 1937 година ги издава своите спомени „Македонска борба”, 1903—1908.

Грчките власти во 1955 година селото Буф го преименувале во Акритас, псевдонимот на Константинос Мазаракис.[1]

Извори уреди

  1. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Литература уреди