Коне Павлев е роден во Прилеп, каде што и го завршил образованието. Нема многу извори кои говорат за неговото раѓање.

Коне Павлев
Прилепската чета на Коне Павлев во 1886 година
Роден(а)Прилеп, Османлиска империја
Починал(а)1886
Прилеп, Османлиска империја

Животопис уреди

Во 1878 година заминал во Бугарија и работел како чиновник. Во тоа време еден од активните војводи во Прилепско бил војводата Диме Шике. Тие постари војводи всушност биле, поттик и охрабрување на помладите генерации да застанат во одбрана на своите слободи и во одбрана на македонските селани.[1]

Во 1885 година влегол во четата на Русинот Адам Калмиков, која броела околу 120 четници, повеќето со потекло од Македонија, меѓу кои бил и Питу Гули. Ноќта на 18 спроти 19 мај, 1885 година, при обид да ја преминат границата, биле откриени и разбиени од Турците, при што Калмиков бил убиен.

Формирање на своја чета уреди

По разбивањето на четата, Коне се вратил во Прилепско, каде што организирал ајдучка чета, во која бил и Мирче Ацев - Оровчанецот. Во неговата чета влегувале: Даме Козаров, Аце Чавлев, Ничо Роканоски, Веле Бешмеде, Јован Шашарајка, Мицко од Ресен, Васил Журко, Спиро Тенекџијата, Ѓорѓи Ориганчето како и неговиот брат Димко Павлев. Овие млади момчиња имале симпатии меѓу намаченото население, кое на каков било начин гледало да им помогне. Меќу главните јатаци на четата на Коне биле селаните: Стојко од Вепрчани, Спасе од Дрен, Стево Костурски и Георги Трајков Староварошки.[1]

Предавството и смртта на Коне Павлев уреди

 
Манастирот Св. Архангел Михаил во Варош

На Тодоровден, 1886 година, четата влегла во манастирот „Свети Архангел” во Варош, но била откриена од Турците и била разбиена. Четата на Коне била повикана лично од питропот Илија Педа, да дојде во манастирот, за да го замоли да ликвидира еден локален полјак кој правел зулуми. Овој настан е забележан и од страна на Марко Цепенков. Така четата била предадена од питропот на манастирот на турските власти кои подготвиле заседа.

Речиси веднаш по првите пукотници биле ранети и Коне и неговиот брат Димко. Димко успеал да се извлече, оддека потешко ранетиот Коне со магаре бил пренесен до конаците на манастирот каде и починал. Следниот ден, следејќи ги крвавите траги на Димко, Турците успеале да го пронајдат во куќата на нивната тетка, по што го затвориле. Во затворот тој бил убиен од затвореници-Турци кои го тепале и скокале на неговиот стомак.[2]

Остатокот од четата на Коне, се приклучиле кон четата на војводата Спасе од Дрен. Кон оваа чета се приклучил и подоцна познатиот војвода Стојан од Гудјаково. Тие сосем случајно налетале на турски ловџии, кои започнале битка со нив и при таа битка го убиле Ѓорѓи Ориганчето. Така остатокот од Коневата чета е приморан да се крие и приклучува кон други чети, а подоцна да формираат и свои.

Песна за Коне уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Војводите Коне Павлев и Мирче Ацев. Прилеп: Ризница Македонија. 2016. стр. 11–30. ISBN 978-608-4533-10-8. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Народни Песни - книга прва. Скопје: Македонска Книга. 1972. стр. 146. На |first= му недостасува |last= (help)