Конгрегација за евангелизација на народите

Конгрегација за евангелизација на народите или Конгрегација за пропаганда на верата (итал. Congregatio de propaganda fide) [1][2], се сретнува и под името Конгрегација за евангелизација на народите (лат. Congregatio pro gentium evangelisatione) или Света конгрегација за ширење на верата (лат. Sacra congregatio de propaganda fide). Ова тело било создадено од страна на Римокатоличката црква со цел да се прошири и зајакне црковната власт на папата и ширење на католичката вера насекаде низ светот.

Седиштето на Конгрегацијата во Рим

Историја уреди

Во 1622 година во Рим преовладало језуитското влијание и папата Грегориј XV на 11 јуни 1622 година издал була Inscrutabili Divinae за создавање на едно тело кое станало познато како Congregatio de propaganda fide (Конгрегација за пропаганда на верата). Оваа тело било дооформено со булата на папата Урбан VIII од август 1627 година.

Целта на Конгрегацијата била да се шири католичката вера и црковната власт на папата насекаде по светот, да се подготвуваат и испраќаат мисионери насекаде каде што претходно немало католичко влијание. На чело на Конгрегацијата стои префект кој во круговите на Римокатоличката црква бил познат како црвениот папа со што се алудирало на големото значење на оваа институција како и на нејзиното влијание.

Структура уреди

Конгрегацијата за пропаганда на верата ја има надлежноста во сите области кој се однесуваат на Конгрегацијата за наука и вера како и на Конгрегацијата за католичко воспитување, немаа ингеренции освен во областа на правосудството. Конгрегацијата за пропаганда на верата потикнува, управува или надгледува одреден број на придружни тела, како што се:

  • Комисија за теологија, духовност и мисијска анимација
  • Комисија за контрола на бискупската конференција, основање и уредување на верски установи
  • Пасторална комисија за проучување на пасторалните начела и методи кој се однесуваат на мисиската дејност и соработка
  • Комисија за катихизис и вероучение
  • Совет на папинските дела за ширење на верата
  • Висок совет за дела за ширење на верата
  • Висок совет на Закладата св. Петар Апостолот за домородното население
  • Висок совет за Мисиската заклада на клерот
  • Висок совет за Закладата св. Детинство
  • Меѓународна агенција за печатот-Фидес

Префекти уреди

Извори уреди

  1. Конгрегација (lat. Congregatio), во Римокатоличката црква претставува монашка заедница со едноставни завети. Овој поим исто така означува и постојана кардиналска доверба на Римската курија како најголема надлежност на Светата Столица. На чело на секоја Конгрегација стои префект.
  2. „Историја на македонскиот народ“, книга втора, Нова Македонија, Скопје, 1969.

Надворешни врски уреди

  • Службена страница на Светата Столица
  • Giga-Catholic Information
  • Notre Dame University site gives history of the Propaganda Fide, with details of its organization Архивирано на 1 март 2004 г.
  • the Collegio di Propaganda Fide: photos and history
  • Official Propaganda Fide website Архивирано на 11 ноември 2007 г.
  • Satellite Photo. The Collegio is the large rhomboidal block buildings that lie just south of the Spanish steps (narrow tip and Bernini facade facing northeast to Piazza di Spagna).
  •   „Sacred Congregation of Propaganda“ . Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. 1913.

Поврзано уреди