Комутација на пораки

Во телекомуникациите, пренесувањето на пораките беше претходник на пренесувањето на пакети, каде пораките беа пренесувани во целина, еден хоп во единица време. Ова за првпат беше претставено од страна на Leonard Kleinrock во 1961 година. Системите за пренесување на пораките, денес, најчесто се имплементирани со packet-switched или circuit-switched податочни мрежи. Секоја порака се третира како посебен ентитет. Секоја порака содржи информации за адресирање, и во секој преклопник оваа информација е прочитана и се одлучува за патеката за пренос до следниот преклопник. Зависно од условите кои ги нуди мрежата, разговорот од неколку пораки можеби нема да биде пренесен по истиот пат. Секоја порака е зачувана (обично на тврдиот диск како резултат на ограничувањата на RAM меморијата) пред да биде пренесена до наредниот преклопник. Поради тоа, ова често е познато и како 'store-and-forward' мрежа. Електронската пошта (Е-mail) е честа апликација за испраќање на пораки. Задоцнување во пренесување на електронска пошта е дозволено, за разлика од преносот на податоци во реално време помеѓу два компјутера.

Примери уреди

Чекор по чекор Telex испраќање и UUCP се примери на системи за испраќање на пораки. Електронската пошта е друг пример на систем за испраќање на пораки. Кога се користи оваа форма на испраќање, нема однапред утврден физички пат помеѓу испраќачот и примачот. Наместо тоа, кога испраќачот има блок од податоци кои треба да бидат испратени, тие се чуваат во првиот насочувач, потоа се проследуваат со еден хоп во единица време. Секој блок е примен во својата првобитна форма, испитан во случај на грешки и потоа проследен или препратен.

Формата store-and-forward мрежа. Податоците се пренесуваат во мрежата и се чуваат во преклопникот. Мрежата ги пренесува податоците од преклопник до преклопник кога е погодно да се стори тоа, така што податоците не се пренесуваат во реално време. Блокирањето не може да се случи, но, подолги задоцнувања може да се случат. Изворот и крајното одредиште не мора да се компатабилни, затоа што претварањата се врши од страна на мрежите за пренесување на пораки.

Преносот на пораката е „трансакциски“. Може да смести податоци или да го смени форматот и брзината, а потоа да се претвори податокот до неговата првичен облик или на крајот да се добие сосема поинаков облик. Системот за праќањето на пораката ги мултиплексира податоците од различни извори според заеднички особини.

Во испраќањето на пораката, кога пораката се состои од блок на податоци кои треба да бидат пратени, се зачувува во првиот насочувач и потоа се препраќа, еден хоп во единица време. Секој блок е примен во целост, прегледан и повторно пренесен подоцна. Мрежата која ја користи оваа техника е позната како store-and-forward мрежа.

Задоцнувања при зачувување и испраќање уреди

Бидејќи системот за праќањето на пораките ги зачувува сите пораки во средишните јазли во нивна целосна форма пред испраќање, пораките имаат крајно задоцнување кое зависи од должината на пораката, и на бројот на средишни јазли. Секој дополнителен преоден јазол вклучува задоцнување кое ја има најмалку вредноста на минималното задоцнување при преносот во или надвор од јазолот. Имајте на ум дека јазлите може да имаат различно задоцнување при преносот на дојдовните пораки и испратените пораки, како резултат на различните технологии користени на линковите. Задоцнувањата при преносот се во прилог на сите направени задоцнувања кои ќе бидат проверени низ должината на патот.

Во центарот за испраќање на пораки, новата порака не е загубена кога бараниот излезен пат е зафатен. Се сместува во редот со сите други пораки за истиот пат и се препраќаат кога бараното коло ќе се ослободи. Затоа системот за испраќање на пораките е пример на системот на доцнење или на редниот систем. Системот за праќање пораки сè уште се користи за телеграфски сообраќај и за неговата изменета форма, позната како праќање на пакети, која се користи особено за податочна комуникација.

Предности уреди

Предности на системот за праќањето на пораки се:

  • Податочните канали се делат меѓу комуникациските уреди подобрувајќи го пропусниот опсег.
  • Пораките можат да бидат сместени привремено во прекинувачите, кога мрежниот метеж е проблем.
  • Приоритети можат да се искористат за да се управува со мрежниот сообраќај.
  • Broadcast адресирањето го користи пропусниот опсег поефикасно затоа што пораките се праќаат до повеќе одредишта.

 
Store and forward delays

Препораки уреди

  • Леонард Клеинрок, Information Flow in Large Communication Nets, (MIT, Cambridge, 31ви Мај, 1961) Проект за Ph.D. Thesis
  • Леонард Клеинрок. Information Flow in Large Communication Nets (RLE Quarterly Progress Report, Јули 1961)