Комити Запад е најпознатата македонска навивачка група која првенствено го бодри ФК Вардар, а потоа и останатите спортски клубови од Скопје кои го носат името Вардар, во овој момент тоа е РК Вардар. Таа важи за една од најбројните и најзначајни македонски навивачки групи. Групата е формирана во 1987 година и нејзина домашна трибина е западната трибина на Градскиот стадион во Скопје. Боите со кои групата се идентификува се црната и црвената. За најголем соперник на Комити се смета навивачката група Чкембари од Битола, како и навивачката група Шверцери која го бодри градскиот соперник ФК Шкупи од скопската населба Чаир. Наспроти тоа, групата денес е збратимена со македонската група Војводи од Тетово, како и ултрас навивачите на германскиот фудбалски клуб Шалке од Гелзенкирхен. Комити, како и повеќето активни или полуактивни навивачки групи во Македонија и Европа денес, претставува ултрас група и голем број од нејзините членови ја негуваат културата на ултрас движењето за бодрење на клубот кој го симпатизираат до степен на фанатизам. Комити Запад функционира и денес и истата е поделена на повеќе подгрупи кои претставуваат групирање на навивачи од одредена населба или пак како одредена дружина.

Комити
NicknameКомити Скопје
КратенкаKS87
Established1987
ВидНавивачка Група
Ултрас група
ЕкипаФК Вардар
РК Вардар
МотоOne Life One Love - Vardar Skopje
LocationСкопје, Македонија
ArenaНационална арена „Тоше Проески“
СЦ „Јане Сандански“ - Скопје
Colors     Црвена,      Црна
Мрежно местоwww.komiti.org
Комити во 2023 со шалови на трибината

Формирање уреди

ФК Вардар како важен клуб во македонскиот фудбал од самото свое постоење има редовни навивачи кои го бодрат, но истите никогаш пред 1980-тите години не биле организирани на ниво на група. Во тој период од 1980-тите години на просторите на тогашна СФР Југославија на високо ниво почнува да се развива навивачката култура и форматот на навивање во организирани групи. Тогаш Вардар настапува во Првата сојузна лига на Југославија и покажува успех пласирајќи се повеќепати меѓу првите десетина клубови. Во сезоната 1986/87. по 34. одиграни кола Вардар станува шампион, но набрзо неговата титула на првак е поништена како последица на афера за наместени фудбалски натпревари во претходната сезона. Поради оваа афера 12 клубови сезоната ја започнале со минус од шест бодови, но по пресуда на Уставен суд одлуката за одземање бодови е поништена и титулата на првак е доделена на ФК Партизан. Во оваа фудбалска сезона, пред завршувањето на истата е формирана и навивачката група Комити. Комити како група го започнуваат своето организирано бодрење на 4 мај 1987 година на натпреварот помеѓу Вардар и ФК Црвена Ѕвезда од Белград кој се одиграл на Градскиот стадион во Скопје, кој инаку завршил со 3-1 за домаќинот Вардар. На овој натпревар групата навивачи се појавила на западната трибина од стадионот и за првпат бил истакнат транспарент со натпис „Комити“, славното име во македонската историја со кое се именуваат членовите на Македонската револуционерна организација. Со тоа, во наредните години Вардар има редовни навивачи кои го бодрат за време на цел еден натпревар, а подоцна Комити имаат и свои членови и поддржувачи и од другите градови во Македонија.

Поврзано уреди