Колумбовска размена

Колумбовската размена била драматична и распространета размена на животни, растенија, култура, население (вклучувајќи робови), заразни болести, и мисли помеѓу источната и западната полутопка (стариот и Новиот Свет). Тоа е еден од најважните настани поврзани со екологија, земјоделство и култура во историјата на секој народ. Првото патување на Кристофер Колумбо кон Америка во 1492 година го започна периодот на зголемениот контакт помеѓу стариот и Новиот Свет што заврши со оваа еколошка револуција, така произлегло името „колумбовска“ размена. Поимот беше воведен од Алфред Крозби, историчар, професор и автор, во неговата книга издадена во 1972 година, наречена „колумбовска размена“. колумбовската размена имала силно влијание врз секое општество во светот. Нови болести биле донесени од Европа, од кои американските староседелци немале отпорност, па значително се намалил бројот на населението. Податоците за бројот на населението пред колумбовската размена во Америка варира, но бројката на оние староседелци кои го изгубиле животот во тој период се движи помеѓу 50 и 90 проценти.[1] Од друга страна, допирот помеѓу новиот и Стариот Свет произвел широка разновидност на добиток и жито, што ја зголемило бројноста на населението во двете полутопки. Истражувачите се вратиле во Европа со пченка, компири и домати, кои веднаш станале неопходни и барани во Евроазија во 18 век. Слично, жителите на Европа вовеле маниока и кикирики во тропските предели на јужноисточна Азија и западна Африка, каде што тие бујно израснале на почва што инаку не би произвела такви големи приноси.

Тераси од времето на Инките на сотровот Такиле, кои служеле за одгледување на традиционални андски степи, на кои биле засадени киноа и компир, а со доаѓањето на Европејците и пченица.

Влијание уреди

 

По шпанското основање на колониите во Новиот Свет се случува биолошка и еколошка размена, жителите на Европа и Африка се населуваат во Новиот Свет, и така животните, растенијата и болестите биле заменети помеѓу двете области. Оваа размена на растенија и животни комплетно го сменила европскиот, американскиот, африканскиот и азискиот начин на живеење. Новата храна станала дел од човечката исхрана и многу плодни почви биле веќе насадени со најразлични плодови. На пример, компирите никогаш не се одгледувале надвор од јужна Америка. Во 1840-те години, Ирска била толку зависна од компири, што кога плодовите изумреле настанал голем глад во државата. Откога биле претставени во 16 век од страна на португалските трговци, кои ги донеле од Новиот Свет Америка,[2] пченката и маниоката ги замениле традиционалните африкански плодови и многу бргу станале најважните и главни прехранбени плодови. Новите плодови што пристигнале во Азија од Америка преку шпанските колонии во 16 век, вклучувајќи пченка и слаткиот компир, исто така го зголемиле бројот на жители во Азија.[3]

Првата работа што била извезена од Европа, коњот, го променил животот на многу староседелци во големата низина на Америка, дозволувајќи им да го сменат нивниот начин на живеење во номадски, и да започнат да ловат бизони јавајќи коњи. Сосот од домати, направен од доматите извезени од Новиот Свет, станале заштитен знак на Италија, додека кафето од Африка и шеќерната трска од Азија станале главните плодови на проширените латино-американски плантажи. Претставен од страна на Португалците, црвениот пипер од Јужна Америка денеска е многу важен дел од индиската кујна.

Пред колумбовската размена, во Флорида не постоеле портокали, ниту банани во Еквадор, немало црвен пипер во Унгарија, дури немало домати во Италија, каде што денес тоа е можеби најупотребуваниот зеленчук во италијанската кујна, во Колумбија немало кафе, немало ананас на Хаваи, во Африка немало каучук, немало домашен добиток во Тексас, во Мексико немало магариња, немало лути чили пиперчиња во Тајланд и Индија, во Франција не постоеле цигари и немало чоколадо во Швајцарија. Исто така, интересно е што глуварчето било увезено во северна Америка од страна на жителите на Европа.

Од светските 20 најмногу конзумирани плодови, според нивото на продукција во 2007, само пет (пченка, компир, маниока, домати и слаткиот компир) постоеле во Америка, додека грозјето се верува дека е европски плод, па отпосле бил насаден на американска почва. Останатите плодови со потекло од Стариот Свет, во тие главни 20 плодови, се оние со кои денес се храниме и живееме (кравјо млеко, соја, пченица, шеќерна репка, шеќерна трска, ориз, портокали, кромид, сирак, јајца, јачмен, марула, голица и јаболка). Пред да се воспостави редовна комуникација помеѓу двете полутопки, разновидноста на домашните животни и преносливи болести, како на пример сипаниците, биле поалармантно раширени во стариот отколку во Новиот Свет, делумно бидејќи многу луѓе мигрирале на запад, или биле донесени од трговци од Азија, па така сите биле изложени на болестите од двата континента. Болестите пристигнати од Стариот Свет, имале уништувачка моќ врз американските староседелци, бидејќи нивниот имунитет бил слаб и првпат биле во допир со овие болести. Додека луѓето во Европа и Азија биде веќе погодени од нив, нивниот ендемски статус во тие области предизвикал луѓето да изградат поцврст имунитет. Епидемијата на сипаници завршила со веројатно најголемата бројка на починати американски староседелци луѓето да изградат поцврст имунитет. Епидемијата на сипаници завршила со веројатно најголемата бројка на починати американски староседелци.[4]

Примери уреди

Вид Од Стариот Свет во новиот Од Новиот Свет во стариот
Домашни животни
Домашни растенија
Заразни болести

Растенијата кои пристигнале преку море, воздух или во „античко“ време (или пред 1492 во Обединетото Кралство) спаѓаат во групата на археофити, додека растенијата увезени во Европа по тоа време се наречени неофити. Во прилог на болестите што веќе се споменати, многу врсти на организми беа запознаени со нови живеалишта на другата страна на светот, намерно или ненамерно. Тука можеме да ги вброиме животните како на пример стаорците, дождовните црви (наводно биле отсутни во некои делови од Новиот Свет пред колумбовската размена), и други организми кои пристигнале од Стариот Свет преку бродовите. Различните видови на растенија и патогени исто така биле за првпат случајно претставени во Новиот Свет, вклучувајќи ги и оние билки, како на пример солненката и така натаму. Некои растенија биле намерно донесени во Новиот Свет, како на пример растението куџу кое било донесено од Јапонија во 1894 година, со цел да се спречи ерозијата, но биле оценети како инвазивни штетници во новата средина. Некои од инвазивните видови предизвикале големи и сериозни економски и еколошки проблеми откако биде донесени за првпат во Новиот Свет.

Претставување на дивата популација уреди

Дивата популација на животни што биле пренесени од други краишта успеале да се размножат во стариот, како и во Новиот Свет, често заменувајќи некоја домашна раса што веќе изумрела и не постои. Источните сиви верверици биле многу добри во обидот да ја колонизираат Велика Британија и во некои реони на Германија, Јапонија и Кавказот можат да се најдат ракуни. Нутрија, претставникот на бегалците од крзнените фарми (како што се наречени), успеале добро да се размножат и на стариот континент. Во Новиот Свет, пренесени од Стариот Свет се дивите европски мачки, свињи, коњи и домашното говедо, кои се многу чести животни кои во денешно време можат да се пронајдат во новиот континент.

Споредба уреди

 

Разликата во двете групи на организми беше премногу силна помеѓу Стариот и Новиот Свет, оние што се секојдневно вклучени во човечкиот живот и исхрана, како на пример житните растенија, домашните животни, билките и секако бактериите. Разликата помеѓу двете листи на житни растенија е апсолутна, со исклучок на памукот. (Испуштајќи десетици неважни житни растенија во овие листи). Уште повеќе зачудувачки е разликата во списокот на домашни животни. Тие не само што се разликуваат во содржина туку и во должината. Достигнувањата на америндиските земјоделци биле импресивни, како и на земјоделците од Стариот Свет. Притоа, треба се земе предвид фактот дека америндиското земјиште било помало во областа и имале помалку простор за нивните растенија што ги одгледувале додека земјоделците од Стариот Свет имале значително повеќе простор и место. Но сепак крајните резултати од макотрпната работа на америндијците била многу подобра од онаа на земјоделците од Европа. Можеби Америка едноставно имаше помалку врсти на огромни цицачи што би можеле да се скротат. На пример, бафалото што потекнува од северна Америка. Тие и во минатото и во сегашноста одбиваат да бидат припитомени. Амероиндијците успеале да ја припитомат ламата и познатата камила без грпка од Андите, но сепак не може да носи повеќе од двестотини килограми и не е ништо повеќе, туку само едно пријателско животно на товарот.

Библиографија уреди

  • Crosby, Alfred W., Jr (1972, 2003 reissue). The Columbian Exchange: Biological and Cultural Consequences of 1492;30th Anniversary Edition. Greenwood Publishing Group. ISBN 0275980928. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Наводи уреди

  1. Shepard Krech, John Robert McNeill, Carolyn Merchant (2004). Encyclopedia of world environmental history, Volume 3. Routledge. стр. 1011. ISBN 9780415937351.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. "Super-Sized Cassava Plants May Help Fight Hunger In Africa" Архивирано на 8 декември 2013 г., The Ohio State University
  3. "China's Population: Readings and Maps" Архивирано на 19 јули 2011 г., Columbia University, East Asian Curriculum Project
  4. "The Story Of... Smallpox – and other Deadly Eurasian Germs", Guns, Germs and Steel, PBS