Колонада (Фабержеово јајце)

Колонада – украсно велигденско јајце изработено од Хенрик Вигстрем[1] под надзор на рускиот јувелир Петар Карл Фаберже во 1910 година.[2] Јајцето било направено за царот Николај II, кој ѝ го поклонил на својата жена Александра Фјодоровна за Велигден во 2010 година.[2] Јајцето Колонада како часовник-јајце не содржи изненадување.

Колонада
Година на изработка1910
НарачателНиколај II
ПримателАлександра Фјодоровна
Моментален сопственик
Индивидуална или
институционална
Кралицата Елизабета II
Година на стекнување1953, наследство од Марија од Тек
Дизајн и материјали
МастерХенрик Вигстрем
Употребен материјалбавенит, злато, позлатено сребро, платина, емајл, дијамант
Висина28 cm
Ширина17 cm пречник
Изненадувањебез изненадување

Опис уреди

Јајцето Колонада е изработено од бавенит, четирибојно злато, позлатено сребро, платина, емајл и розови дијаманти. Тоа е едно од четирите Фабержеови велигденски јајца кое содржи часовник. Часовникот во јајцето е изработен од швајцарската фирма Хенри Мозер и компанија.[1]

Јајцето симболизира храм на љубовта. Двата гулаби од платина ги претставуваат Николај и Александра. Четирите херувими изработени од позлатено сребро седат во основата на јајцето и ги претставуваат четирите ќерки на Николај и Александра: Анастазија, Олга, Марија и Татјана. Алексеј е претставен со Купидон поставен над јајцето и изработен од позлатено сребро.[1] На Купидон денес му недостасува делот (стапче или гранче од позлатено сребро) кој го го држел во десната рака и ги означувал часовите.[2]

Историја уреди

Јајцето Колонада било купено за 11.600 рубљи[1] и ѝ било поклонето на Александра меѓу Велигден и Духовден во 1910 година по повод раѓањето на Алексеј во 1904 година, нивното петто дете и единствен син на Николај и Александра. По раѓањето на четири ќерки, раѓањето на нивниот прв и единствен син било значајно бидејќи обезбедиле директен наследник на престолот, а не да помине на големиот кнез Михаил Александрович, помладиот брат на Николај II.[2]

По абдикацијата на Николај II и затворањето на неговото семејство во 1917 година, јајцето Колонада било конфискувано од привремената влада. Повторно се појавува во 1922 година на списокот на конфискувани драгоцености пренесени од дворецот Аничков во Советот на народните комесари кој бил организација управувана од државата која собирала и конзервирала драгоцености. Во 1927 година, јајцето Колонада му било продадено на Емануел Сноумен од лондонската антикварница Варцки заедно со уште осум други велигденски јајца. Две години подоцна ѝ било продадено на кралицата Марија од Тек, а во 1953 година го наследила кралицата Елизабета II. Тоа е дел од Кралската збирка.[1]

Од јули до октомври 2011 година, јајцето Колонада било прикажано на Кралската изложба Фаберже за време на летното отворање на Бакингамската палата.[1]

Други Фабержеови јајца во Кралската колекција се:

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Colonnade Egg“. The Royal Collection. www.royalcollection.org.uk.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „1910 Colonnade Egg“. Mieks Faberge Eggs. www.wintraecken.nl.

Надворешни врски уреди