За три или повеќе точки се вели дека се колинеарни ако постои права која ги содржи. Колинеарноста на три точки A, B и C се обележува како A-B-C.

На сликата, точките a1, a2, a3 се колинеарни, како и точките b1, b2, b3. Спротивно, точките a1, a2, b3 не се колинеарни.

Доколку точките не се колинерани се нарекуваат неколинеарни.

Аналитичка формулација уреди

Нека се дадени три точки A, B и C од Rn чија колинеарност треба да се провери. Прво се формираат два вектора AB и BC и потоа се обидува да се реши системот равенки:

 

Доколку постои вакво α, точките се колинеарни. Системот може рамноправно да се решава за која било комбинација од два меѓусебно различни вектори: AB, AC и BC.

Тридимензионален простор уреди

Во тридимензионален простор како услов за колинеарност исто така може да се користи векторскиот производ.

 

Еквивалент на овој израз може да се претстави и со условот за вредност на детерминантата: