Колерата е акутно, инфекциско заболување ендемско за Азија.

Колера
Слика од Vibrio cholerae добиена од скенирачки електронски микроскоп
СпецијалностЗаразна болест, ургентна медицина Уреди на Википодатоците
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Колерата ја предизвикува Vibrio cholerae во два биотипа - класичен и El Tor. Вториот тип може да преживее подолго во природа, може да предизвика субклинички случаи, има подолг период на фекална екскреција од организмот и може да се пренесува од случај на случај или преку вода и храна.

  • пренесувањето на колера е најчесто преку заразена вода која се црпи од плитки и незаштитени бунари и исто така флаширана вода со мраз.
  • морската храна исто така се посочува како можен извор, особено сирова или малку готвена

Најголем дел од луѓето заразени со V. cholerae имаат блага до средно изразена дијареа но доколку навреме не се лекува, колерата е една од најбрзоширечките, фатални инфекции воопшто познати

  • во ендемски области
    • најчесто заболуваат децата
    • случаите се поретки кај повозрасни лица поради имунитетот стекнат со тек на време
  • во неендемски области не постои специфична возрасна група над која колерата делува, општо земено, целото население нема развиено имунитет за одбрана од болеста....

Патогенеза уреди

Vibrio cholerae го колонизира тенкот црево и произведува моќен ендотоксин кој се врзува за ГМИ - ганглиозиден рецептор на клеточната мембрана со помош на врзувачки единици. Активните подединици на ендотоксинот влегуваат во клетката и ја активираат аденил циклазата. Ова резултира со акумулација на цикличен АМП, кој стимулира активна секреција на јонски соли, хлориди, фосфор и HCO3 а со нив и вода. Резултатот е дијареа.

Лекување уреди

 
Пациент со колера прима рехидратациона терапија

Воглавно, лекувањето се состои во терапија за рехидрација. Со помош на ваква терапија смртноста кај случаите заболени од колера е намалена на помалку од 1%. Најчесто, рехидрацијата е орална но кај колабирани пациенти се применува и интравенозна рехидрација.

Употребата на антибиотици (тетрациклин) помага да се искорени инфекцијата и исто така што се намали траењето на болеста.

Надворешни врски уреди

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори