Кола е сладок газиран пијалак, најчесто содржи кофеин и е со вкус на карамела. Вкусот на пијалакот понекогаш е од мешавина на вкусови на ванила, цимет и цитрусни овошја. Името доаѓа од овошјето со тврда лушпа кола (анг. kola nuts) кое првично се користело како извор на кофеин.

Coca-Cola - водечка светска марка на кола пијалаци
Coca-Cola

Пијалакот може да биде и без кофеин, иако некои луѓе (можеби со доза иронија) не се согласуваат таквиот пијалак да се нарекува со името кола, ниту производителите на кола пијалаци, ниту пак луѓето што ги конзумираат не би правеле таква разлика. Кола пијалаците најчесто се заблажуваат со сируп од пченка, но можат да се заблажат со шеќер или со вештачки заблажувач.

Големите производители на кола ги вклучуваат: Coca-Cola, Pepsi, Royal Crown, Virgin Cola и многу локални производители. Jolt Cola следат свој култ на кола со многу повеќе кофеин од останатите (всушност и од сите газирани пијалаци), со посебен исклучок на германската Afri-Cola. Inca Kola е друг бренд кој се рекламира во многу држави од страна на компанијата Coca-Cola и е најпродаван во некои земји од Јужна Америка. Tukola и Tropicola се брендови од Куба, кои се продаваат и во Италија исто така. Постои и слободен за користење (анг. open source) рецепт за кола пијалак, наречен OpenCola.

Во 2002 година нов бренд, Mecca Cola, наменета за муслиманските потрошувачи (со слоганот Размислувај Муслимански, Пиј Муслимански), бил лансиран во Франција од страна на Tawfik Mathlouthi, инспириран од иранската Zamzam Cola. Производот бил пуштен во продажба во Обединетото Кралство во 2003 година. Сличен производ со сличен концепт, Qibla Cola, бил лансиран во 2003 година во Обединетото Кралство. Cola Turka, Турски бренд, и zelal Cola се исто така популарни меѓу муслиманите во Германија.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди