Кокшетау (Сина планина на казашки јазик, казашки: Көкшетау; руски: Кокшета́у) порано познат како Кокчетав (руски: Кокчета́в) (1827–1993), е град во северен Казахстан и престолнина на Акмолинската област, лежи на север од ридовите Кокшетау, на јужните брегови на езерото Копа и јужниот раб на стеата Есил (Ишим). Исто така се наоѓа на раскрсницата на железничките пруги Транс-Казахстан и Јужен Сибир. Кокшетау лежи на надморска височина од приближно 234 m над морското ниво.

Кокшетау
Көкшетау
Град
Централен плоштад Кокшетау
Централен плоштад Кокшетау
Грб на Кокшетау
Кокшетау is located in Казахстан
Кокшетау
Кокшетау
Локација на Кокшетау во Казахстан
Координати: 53°17′N 69°23′E / 53.283° СГШ; 69.383° ИГД / 53.283; 69.383
Земја Казахстан
ОбластАкмолинска
Основан1824
Статус на град1862
Управа
 • Akim (градоначалник)Амангелди Смаилов
Површина
 • Вкупна425 км2 (164 ми2)
Надм. вис.&10000000000000234000000234 м
Население (2020)
 • Вкупно146 104
 • Густина624/км2 (1,620/ми2)
Часовен појасUTC+6 (UTC+6)
Пошт. бр.020000-020010
Повик. бр.+7 7162
Рег. таб.03
Мреж. местоhttp://kokshetau.akmo.gov.kz/

Градот се смета дека е основан во 1824 година, додека статусот на град му е доделен во 1862 година. Тој е добро познат по својата природа и туристички места, како што се Бурабај и Зеренда. Кокшетау е оддалечен околу 185 километри од Петропавл, 300 километри северозападно од главниот град Нур-Султан, 318 километри од Омск, Русија и 384 километри од Костанај. Градот го опслужува аеродромот Кокшетау.

Етимологија уреди

Името Кокшетау на казашки јазик буквално значи „чадена-сина планина“, „көкше“ (што значи „сина“) и „тау“ (што значи „планина“). До 7 октомври 1993 година официјално име на градот беше „Кокчетав“ (руски: Кокчета́в).

По распадот на Советскиот Сојуз и независноста на Казахстан, градот беше преименуван во Кокшетау, како дел од владината кампања да ги применува казашките имиња на градовите. Поранешното име сè уште се користи во рускиот јазик, и од Русите во Казахстан, како и од самите Казахстанци.

Историја уреди

 
Кокшетау 1937 година

Кокшетау е основан во 1824 година во близина на планината наречена „Букпа“ како козачко село. Во 1868 година станува окружен центар на Омскаја губернија во Руската Империја, кој понатаму се развива како центар на земјоделство и сточарство и како одморалиште.

Во 1944 година Кокчетав стана административен центар на новосоздадената област Кокчетавскаја. Во 1997 година регионот на Кокшетау беше укинат. Во 1999 година, поради административните промени во структурата на областа Акмола и Северен Казахстан, Кокшетау стана центар на Акмолинската областа.

 
Прва џамија во Кокшетау

Во мај 1989 година се случи значаен настан - Кокшетау и американскиот град Ваукеша станаа збратимени градови.

Географија уреди

Кокшетау е на околу 300 километри северозападно од главниот град на Казахстан Нур-Султан. Областа Кокшетау е позната по своите два национални парка Бурабај и Кокшетау. Градот Кокшетау е компактно сместен во близина на планината Букпа, на брегот на езерото Копа.[1]

Најистакната атракција на областа Кокшетау е Националниот парк Бурабај, кој вклучува 14 прекрасни езера сместени меѓу живописните планини покриени со густи зимзелени шуми. Најзначајното меѓу нив според големината, убавината и воодушевувањето на туристите е езерото Боровое. Езерото се наоѓа на 70 км од градот. Благата планинска клима, чистиот и свеж воздух и присуството на лековита кал го прават престојот тука не само пријатен, туку и здрав.

Клима уреди

Кокшетау има ладна полусушна клима со екстремни континентални влијанија. Се одликува со долги и студени зими и топли лета. Просечната температура во јануари е −15,3 °C (4,5 °F). Во јули температурата е во просек од 20,2 °C (68,4 °F). Годишните врнежи изнесуваат 313 mm (12,3 in).

Климатски податоци за Кокшетау
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Сред. дневна °C (°F) −15.3
(4.5)
−15.1
(4.8)
−7.4
(18.7)
4.0
(39.2)
12.2
(54)
18.4
(65.1)
20.2
(68.4)
16.8
(62.2)
11.3
(52.3)
2.5
(36.5)
−6.1
(21)
−11.8
(10.8)
2.47
(36.46)
Прос. врнежи мм (ин) 12.8
(0.504)
11.3
(0.445)
10.5
(0.413)
17.9
(0.705)
32.7
(1.287)
40.2
(1.583)
68.5
(2.697)
43.6
(1.717)
24.8
(0.976)
22.8
(0.898)
15.7
(0.618)
11.7
(0.461)
312.5
(12.304)
Прос. бр. дождливи денови 3.7 3.4 3.0 4.2 6.5 6.5 8.5 7.3 5.5 6.2 4.3 3.3 62.4
Сред. бр. сончеви часови месечно 89.0 127.0 196.0 227.0 277.0 306.0 313.0 250.0 190.0 118.0 88.0 75.0 2.256
Извор: NOAA (1961-1990)

Население уреди

Кокшетау е на петтото место според бројот на жители во Северен Казахстан. Во денешно време има повеќе етнички Казаци во градот кој порано имал словенско мнозинство. Градот има 146 104 жители (проценка за 2020 година), за разлика од 123 389 (попис од 1999 година), метро областа на градот брои 160 431 жител, додека областа Акмола имала вкупно 738 587 жители (проценка за 2019 година), помалку од 1 061 820 (попис од 1989 година), што го прави десетти најнаселен регион во Казахстан.[2]

Населението низ историјата
Година Нас. ±%
1897 4 962 —    
1959 52 909 +966.3
1970 80 564 +52.3
1979 103 162 +28.0
1989 136 757 +32.6
1999 123 389 −9.8
2010 136 100 +10.3
2014 140 847 +3.5
2020 146 104 +3.7

Етнички состав уреди

Кокшетау има мултиетничкото население, со 58% етнички Казаци, а останатите се претежно 29% етнички Руси и други етнички групи како што се Украинци, Татари и Германци.[3]

Народ Вкупно Удел (%)
Казаци 93 126 58.05
Руси 47 185 29.41
Украинци 4 618 2.88
Татари 3 660 2.28
Германци 3 124 1.95
други 8 718 5.43
вкупно 160 431 100.00

Во 1989 година, Кокшетав (сега Кокшетау) има 136 757 жители. Етничката структура гласела: 18,5% Казаци, 53% Руси и 28,5% други етнички заедници.

Народ Вкупно Удел (%)
Руси 74 481 53
Казаци 25 300 18.5
други 36 976 28.5
вкупно 136 757 100.00

Рускиот и казашкиот јазик се главните говорени јазици.

Религија уреди

Исламот е преовладувачка религија во градот. Другите религии што се практикуваат се христијанството (првенствено руско православно, римокатолицизам и протестантизам). Кокшетау има прекрасна џамија изградена во почетокот на 20 век и храм на Руската православна црква на Архангел Михаил. Во 1997 година е изградена римокатоличка црква во готски стил со употреба на црвени тули. Нова џамија за 1 200 луѓе именувана по Науан Хазрет е отворена во 2015 година и во тек е изградба на нова православна црква.

Индустрија уреди

По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, повеќето погони и фабрики во градот го запреа своето производство засекогаш. Во тој момент градот имаше голем број мелници за жито и малку млечно производство. Рудник за злато работи северно од градот.

Транспорт уреди

Градскиот превоз во Кокшетау се состои од автобуси и такси.

 
Аеродром во Кокшетау

Кокшетау го опслужува меѓународниот аеродром Кокшетау. Се наоѓа на 12,5 км североисточно од центарот на градот. Служи претежно домашни летови, Авиокомпанијата СКАТ има летови од и до Алмати и Актау, како и „FlyArystan“ извршува летови кон Алмати, трипати неделно.

Спорт уреди

Во градот има два професионални спортски клуба: хокеарски клуб „Арлан“, фудбалски клуб „Окжетпес“.

Збратимени градови уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Карта Области Сибирских Киргизов 1868 г.“. www.etomesto.ru. Посетено на 2020-11-14.
  2. „архивски примерок“. web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2011-05-26. Посетено на 2020-11-14.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „Cities & towns of Kazakhstan“. pop-stat.mashke.org. Посетено на 2020-11-14.

Надворешни врски уреди