Кокаљка (шатор)
Возрасна единка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Нуркачи
Семејство: Нуркачи
Род: Нуркач
Вид: Кокаљка
Научен назив
Podiceps cristatus
(Linnaeus, 1758)

     лето      постојан      зима
Podiceps cristatus

Кокаљка, голем нуркач, цуцлест нуркач или шатор (науч. Podiceps cristatus) е водна птица, член на семејството нуркачи.

Кокаљката ја има и во Македонија. Била користена како птица-работничка во риболовот со птици на Дојранското Езеро[2]

Опис уреди

Кокаљката е најголемиот член од семејството нуркачи од Стариот Свет, но некои видови се наоѓаат и во Америка. Долги се од 46 до 51 см, а распонот на крилјата им е од 59 до 73 см и тежат од 900 до 1500 грама.[3][4] Тие се одлични пливачи и нуркачи и затоа рибата ја ловат нуркајќи. Во лето, со своите впечатливи шари на вратот и грбот не можеме да ги помешаме со друг нуркач; додека во зима, како и другите нуркачи имаат бело околу очите и розов клун.

Новоиспилените имаат карактеристични црно-бели линии на главата кои се губат со нивното созревање (растење).

 
Возрасна единка со младенче
 
Главата на младенче кокаљка со карактеристични линии
 
Podiceps cristatus

Живеалиште и гнездење уреди

Кокаљката се гнезди во тревнатиот дел од езерата. Подвидот P. c. cristatus е распространет во Европа и Азија по должината на средниот запад, а во зима тие се селат во потопли предели, што значи дека тие се птици преселници. Но, африканскиот подвид P. c. infuscatus и австралискиот P. c. australis не ги напуштаат своите места на живеење, тие се седентарни.

Поведение уреди

 
Родител со две рипчиња за своите младенчиња

За време на парењето кокаљката прави гнезда на површината на водата, бидејќи на копно не се движи многу добро поради тоа што нејзините нозе се поставени поназад. Обично се изведуваат по две јајца, а родителите го носат подмладокот на грб помеѓу пердувите. Исто така, секој родител си одбира свој „фаворит” за кој подоцна ќе се грижи и ќе го подучува.

Необично, но со испилувањето младите нуркачи се способни самостојно да пливаат и нуркаат. Возрасните му ги пренесуваат вештините на подмладокот на тој начин што носејќи ги на грб се нуркаат во вода, а потоа ги оставаат младите да испливаат на површината на водата и да допливаат до нив.

Кокаљката воглавно се храни со риба, но јаде и мали ракчиња, инсекти и мали жаби. Овој вид птици е доведен до истребување во Обединетото Кралство во 19 век, бидејќи нивните пердуви биле користени за украсување на капите и дамските шапки. Кралското друштво за заштита на птиците во Британија го сопрело нивното истребување, па тие повторно ги населиле пределите низ Европа.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. BirdLife International (2012). Podiceps cristatus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Состојба со птиците во Македонија 2012
  3. „Great crested grebe videos, photos and facts - Podiceps cristatus“. ARKive. Архивирано од изворникот на 2012-08-23. Посетено на 2012-06-27.
  4. Burnie D and Wilson DE (Eds.), Animal: The Definitive Visual Guide to the World's Wildlife. DK Adult (2005), ISBN 0789477645

Надворешни врски уреди