Козеров (германски: Koserow) — општина на островот Узедом во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија.

Козеров
Плажата Козеров
Плажата Козеров
Плажата Козеров
Козеров во рамките на Германија
Козеров
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Западна Померанија-Грајфсвалд
Месна заед. Узедом-Југ
Градоначалник Хелмут Хилперт
Основни податоци
Површина 6,04 км2
Надм. височина 0 м
Население 1.703 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 282 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OVP
Пошт. бр. 17459
Повик. бр. 038375
Местоположба на Козеров во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд
Карта
Карта
Координати 54°3′0″N 14°0′0″E / 54.05000° СГШ; 14.00000° ИГД / 54.05000; 14.00000

Општината е мало крајбрежно бањско одморалиште,[2] Козеров се наоѓа на теснец на островот Узедом во Балтичкото Море, близу границата со Полска. Се наоѓа во рамките на Природниот парк Узедом и е една од четирите т.н. „килибарни бањи“ на островот, поврзани со 12-километри долгата песочна плажа, наречена „килибарна плажа“.[3] Другите три бањи се Лодин, Икериц и Цемпин.

Историја уреди

Козеров бил првпат споменат во 1347 како Кузерова (Cuzerowe, словенски за „коза“ или „кос“) и е една од најстарите населби со вендско потекло на островот Узедом.[4] Црквата во Козеров е уште постара, во употреба уште од крајот на XIII век; била изградена на камена основа, има многу богатства и е сметана за најстара црква на балтичкиот брег на Узедом.[5]

Историјата на селото е претставена во легендарниот и страшниот пират Клаус Штертебекер, кој наишол на тајно место за криење во пештерите во Штрекелсберг.[4]

Селото било опколено во текот на Триесетгодишната војна и биле украдени црковните ѕвона. По Стокхолмскиот договор на 1 февруари 1720, островот Узедом и Козеров потпаднале под пруско влијание. По административната реформа во 1815, Козеров станал дел од пруската покраина Померанија и од 1818 до 1945 бил дел од округот Узедом-Волин.

 
Солените колиби во Козеров

Во 1820 биле изградени првите солени колиби за чување на уловената риба.[4] Козеров во тоа време бил една од најсиромашните заедници на Узедом. Туристите најпрвин започнале да пристигнуваат пешки, со кочии или со бротчиња во 1846. Неколку олујни поплави ја погодиле областа во 1872 и 1874,[4] влошувајќи ја економската состојба.

Со векови, економијата на селото била заснована на риболов и земјоделство. Неговиот развој како одморалиште бил слаб поради слабите комуникации, но отпочнал со воспоставувањето на железницата на островот Узедом во почетокот на 1900-тите и кога била изградена мрежа на патишта. Биле изградени базени за мажи, жени и семејства, како и крајбрежна патека.[5] Во текот на Втората светска војна, крајбрежната патека била уништена во текот на ледената зима. Од 1993, општината повторно има нова патека.

Козеров првпат добил железничка врска на 1 јуни 1911. Градот се препородил како морско одморалиште по изградбата на Пруската северна железница.[6]

Географија уреди

 
Локална карта покажувајќи го теснецот на кој се наоѓа Козеров.

Козеров е сместен на најтесната точка на теснецот помеѓу северниот и јужниот дел на Узедом на сојузниот пат Б111, помеѓу сликовитата областа помеѓу Балтичкото Море и задните води. Селото е на ридовите Штрекелсберг (околу 60 метри надморска височина). Се наоѓа на околу 16 километри источно од приморското одморалиште Албек и 6 километри западно од Циновиц.

Администрација уреди

 
Лого на Козеров

До 2005, Козеров бил административно седиште на општинската заедница Узедом-Мите. Денес е во рамките на општинската заедница Узедом-Југ со седиште во градот Узедом. Градоначалник е Детлеф Кроненфелд.[7] Сојузната служба за поморство и хидрографија на Германија управува со своја станица во Козеров.[8]

Грб уреди

Козеров има лого, но не и официјален грб.

Сообраќај уреди

Козеров е поврзан со сојузниот автопат Б111, како и со железница. Исто така е опслужуван од фериботот Духеров-Херингсдорф-Волгаст. Постојат редовни летови од блискиот Аеродром Херингсдорф на Узедом.[9][10]

Култура уреди

Рекреација уреди

 
Црква во Козеров
 
Килибарната плажа во Козеров, стрмниот дел од брегот наречен Штрекелсберг во позадина.

Козеров е една од четите килибарни бањи, заедно со Цемпин, Лодин и Икериц. Сите се сместени на најтесниот дел од островот.[11] Тие се сместени на 12-километри долгата песочна плажа наречена Килибарна плажа. Вкупната должина на плажите на балтичкиот остров Узедом е 42 км, правејќи островот да ги едни од најдолгите песочни плажи во цела Европа.

Во 1993, Козеров бил прогласен за „национално признаено одморалиште“. Како приморско одморалиште нуди многу активности вклучувајќи пливање, едрење, сурфање, пешачење и велосипедизам.[5]

Знаменитости уреди

Селската црква (Dorfkirche) се наоѓа скоро скриена позади дрва од костени и опкружена од ѕид на големи камења. Таа е единствена средновековна црква на балтичкиот брег на Узедом и поседува неколку интересни архитектонски делови. Првичната камена градба од XIII век може сè уште да се види во средишниот дел на северниот ѕид со мали готски отвори за прозорци и скромната порта на стариот влез. Проширена во XV век со кула и храм, исто така има елементи на доцноготска архитектура. Особено богатство е средновековниот олтар во крилото, богато украсен со резбани фигури. Тој е последен, завршен, преостанат олтар од овој вид на целиот остров. Необичното големо распетие, кое било спасен од морето од рибари, било христијанизирано од месното население како „Крст Винета“. Потекнува од XV век и било направено во Скандинавија.[5] Германскиот теолог, Вилхелм Мајнхолд бил поставен за свештеник во Козеров во почетокот на 1820-тите.[12]

 
Крајбрежната патека

Солените колиби Козеров се дрвени колиби и биле изградени околу 1820. Биле користени како складишта за камената сол и за посолување на уловот на локалните рибари во големи дрвени буриња. Посолената риба била главната исхрана за сиромашните селани во текот на зимските месеци. Уништени во олујните бури во 1872 и 1874, тие биле повторно изградени околу 1900. Останатите 15 колиби биле заштитени и денес, една од нив е музеј отворен од мај до септември.[5][13]

Крајбрежната патека Козеров се протега на 261 метар во морето близу солените колиби и е добро место за поглед на градот и морето и овозможува приморска атмосфера.[5][13]

Штрекелсберг (60 метри н.в.) — стрмен крајбрежен појас и највисоко ниво на брегот во Узедом. Нуди прекрасни погледи на морето и при ведро небо на ридовите Менхгут на островот Риген. На северозапад може да се види островот Ој, видлив поради светлата на својот стетилник. На југозапад е соседниот остров Волин.[14]

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. јули 2021. (германски)
  2. Baedeker, Karl (1904). Northern Germany: as far as the Bavarian and Austrian frontiers (14. изд.). стр. 161.
  3. Остров Узедом: Килибарни бањи на www.usedom.de. 10 октомври 2010.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Zur Geschichte des Seebades Koserow“ (германски). Seebad-Koserow.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Хене, Виланд (2007). Узедом (германски) (2. изд.). Baedeker. стр. 156. ISBN 382971145 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  6. Roth, Ralf; Polino, Marie-Noëlle (2003). The city and the railway in Europe. Historical urban studies. Ashgate Publishing, Ltd. стр. 21. ISBN 0-7546-0766-6.
  7. Општина Козеров на www.amtusedom-sued.de. 10 октомври 2010.
  8. Oceanological Studies. Index Copernicus. 30 (3–4): 43. 2001 http://books.google.com/books?id=uIHki4kP0I8C&pg=PA43&dq=Koserow&hl=en&ei=O_-xTI-iE4zmsQOa8_3yAw&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=6&ved=0CEMQ6AEwBTge#v=onepage&q=Koserow&f=false. Отсутно или празно |title= (help)
  9. Anreise Ostseebad Koserow at www.seebad-koserow.de. 10 октомври 2010.
  10. Flughafen Heringsdorf на www.flughafen-heringsdorf.de. 10 октомври 2010.
  11. „Остров Узедом“. usedom.de. Посетено на 10 октомври 2010.
  12. McClintock, John; Strong, James (1876). Mc Clintock and Strong cyclopaedia. Harper. стр. 49.
  13. 13,0 13,1 Sehenswertes in Koserow на www.seebad-koserow.de. 10 октомври 2010.
  14. Natur und Umgebung des Seebades на www.seebad-koserow.de. 11 октомври 2010.

Надворешни врски уреди